АКТУЕЛНО

ЗАОБИКОЛУВАЈТЕ ЈА АКО МОЖЕТЕ: Рузвелтова ќе се копа уште два месеци

Откако пред две недели, улицата Рузвелтова на потегот од улица Орце Николов до булевар Илинден се раскопа и остави, вчера продолжија градежните активности. Освен на овој потег, на едната коловозна лента што води од крстосницата на улицата Орце Николов до булеварот Партизански одреди, изгребан е целиот асфалт. Сообраќајот се одвива во по една коловозна лента, па метежот, кој и онака е секојдневно присутен на оваа улица, е зголемен.

На 15 март по налог на Градот фирмата „Топ Билд ДООЕЛ“ почна да го гребе асфалтот на првиот дел од улицата, се сменија бекатон плочките на едната пешачка патека.

Според најавите на градоначалничката Данела Арсовска, која вчера излезе на терен на Рузвелтова, „реконструкцијата во оваа фаза е со рок на изведба од два месеци“.

Поправката на оваа скопска улица се простира на површина од 7350 метри квадратни и должина од 600 метри, а треба да овзможи зголемена безбедност и сигурност на сите учесници во сообраќајот.

„Покрај нов коловоз се работи на стабилизирање на основата на улицата со што се избегнува неквалитетна изведба која може да доведе до пропаѓање на истата, а пешачката зона ќе добие нов, модерен лик со соодветно хортикултурно уредување“, вели Арсовска.

Според податоците на Бирото за јавни набавки Град Скопје на 30 ноевмри 2022. склучи оговор со фирмата „Топ Билд ДООЕЛ“ за реконструкцијата на потегот од булевар Партизански одреди до булевар Илинден. Овој зафат ќе чини околу 190.000 евра.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...

АКТУЕЛНО

Целосно е реконструирана градинкатa „Пчелка 2“

Со реновирање на внатрешноста на објектот, заврши втората фаза од проектот за...