МОЕ ЗДРАВЈЕ

ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Постојат 4 места на телото кои морате добро да ги измиете навечер

Можеби не мора да ја миете косата секој ден, но тоа не значи дека не мора да измиете одредените делови од телото.

Хигиената е важен дел од доброто здравје, а некои делови од телото сè уште бараат поголемо внимание и важно е да ги измиете пред спиење. “Да се ​​туширате пред спиење е добро за вашата кожа, но и за вашето здравје. На овој начин ќе ја отстраните нечистотијата што се насобрала на вашето тело во текот на денот”, објаснува д-р Река Тејлор, експерт за козметика. За кои делови од телото станува збор?

  1. Стапала

Според д-р Том Биернацки, непријатниот мирис на нозете и габите можат да преживеат само ако на нив има мртва кожа, но и ако кожата е влажна. Доколку не се измијат со сапун и вода, доаѓа до габична инфекција. Важно е добро да ги миете стапалата, а не само да ги ставате под вода, да внимавате на петите и просторот меѓу прстите.

  1. Јазик

Навечер, кога ги миете забите, задолжително измијте го и јазикот. Секој знае дека четкањето на забите е важно, но јазикот е заборавен. Тоа може да биде извор на лош здив, но и совршено место за развој на бактерии. Истите овие бактерии, доколку не се ослободиме од нив, можат да предизвикаат проблеми со здравјето на усната шуплина. Повеќето четки имаат средство за чистење јазик на задната страна, па користете го тоа.

  1. Зад ушите

Може да дојде до инфекција и еден вид дерматитис доколку редовно не ја миете кожата зад увото, а токму тоа многумина го игнорираат. Д-р Сандра Хаџ, наведува дека зад увото има жлезди кои лачат многу масло, а може да се акумулира и пот. Ова доведува до развој на бактерии кои можат да предизвикаат непријатен мирис. Темелно исчистете ја областа со сапун и вода пред спиење.

  1. Под пазувите

Исто како и кај стапала, многу лесно ќе забележите кога е потребно да се измие и подрачјето под пазувите. Д-р Вагас Ахмад Бутар, матичен лекар вели дека поради потта може да се развијат бактерии во таа област, кои исто така можат да предизвикаат инфекции. Секако, користењето на миризлив спреј ќе помогне, но нема да се ослободите од нечистотијата. Измијте се со топла вода и сапун пред спиење.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Истражување: „Ултрапреработената“ храна ја зголемува подложноста на болести

Јадењето „прекумерно обработена“ храна ја зголемува опасноста од развој од десетици неповолни...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Очите говорат за проблемите со срцето

Срцевите заболувања се една од главните причини за смрт во светот, па...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Намалете го ризикот од болести преку диета

Сите знаеме дека храната влијае на нашето здравје и квалитетот на животот,...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17...