ИНФО

Град Скопје ќе дава по три илјади евра за секој што ќе купи ново еко возило

Секој скопјанин што годинава ќе купи ново еко возило на хибриден или електричен погон, ќе добие субвенција од 200.000 денари. Од буџетот на Градот за оваа намена се издвоени 5.000.000 денари.

Доколку на утрешната седница на Советот на Град Скопје се изгласа оваа одлука, од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска ќе треба да ги пропишат конкретните услови, начинот и постапката за доделување на субвенции за скопјани.

Истовремено, Арсовска планира да доделува субвенции и за купување на еко возила за авто такси превозот. Сите правни лица кои ќе сакаат да купат ново еко возило на хибриден или електричен погон за вршење на авто такси превоз во главниот град, ќе може да добијат по околу 3.300 евра по возило, но не повеќе од пет возила по правно лице купени оваа година. И за оваа намена од градскиот буџет се обезбедени 5.000.000 денари.

И за двете одлуки субвенциите ќе се исплаќаат се до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...