СКОПСКИ ВЕСТИ

ПО ПАУЗА ОД 4 ГОДИНИ: Се враќа Саемот на мебел

Индивидуална влезница на Саемот за МЕБЕЛ чини 120 денари, но за две и повеќе лица, цената е 100 денари.

Денес почнува Саемот на МЕБЕЛ и ќе трае до 2ри април. По пауза од 4 години оваа година се организира овој саем прославувајќи го својот 45 годишен јубилеј.

На Саемот ќе се претстават повеќе од 40 домашни и меѓународни брендови со богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, но и на декоративни подлоги и елементи и секако на оригинални решенија за ентериерот, информираат од Скопски саем.

Пролетва планирани се да се организираат три саеми во С.Ц. Борис Трајковски. Покрај саемот за МЕБЕЛ, од 4ти до 10ти мај по 35 пат ќе се организира и Саемот на КНИГА. Тој е единствен саем кој се организираше и во пандемсики услови. Почетокот на јуни е резервиран за Саемот за ТРАНСПОРТ.

За Саемот на МЕБЕЛ, цената на редовната влезница изнесува 120 денари, за посета во група (двајца и повеќе посетители) изнесува 100 денари/по посетител. Влезници за Саемот на МЕБЕЛ по цена од 100 денари веќе може да се набават преку платформите: www.karti.com.mk и www.mktickets.mk.

За Саемот на КНИГА цената на редовната влезница ќе биде 80 денари, а за организирани групни посети на ученици ќе изнесува 50 денари.

На Саемот на ТРАНСПОРТ ќе се врши регистрација на деловните посетители без наплата на влезница.

Според статистичките податоци со кои располагаат организаторите, Саемот на МЕБЕЛ и Саемот на КНИГА предизвикуваат најголем интерес кај пошироката публика, при што овие две манифестации вообичаено се посетени од повеќе од 25.000 посетители што ги прави најпрофитабилни за изложувачите и најатрактивни за посетителите.

На прашањето дали се размислува за релокација на Сајмиште, од Скопски саем одговорија „Изградба на нов саемски комплекс, сепак зависи од повеќе чинители и надлежни органи.“ А во услови на немање на саемски изложбен простор, во моментов Комплексот Борис Трајковски е најсоодветна локација, според нив.

Во однос на делот на обнова на штандовски материјал  од Скопски саем изјавија: „Од пред две години ставен е во употреба комплетно нов стандарден штандовски материјал кој редовно се обновува според потребите, а за секоја саемска манифестација се набавуваат и елементи и патосници потребни за соодветно изложување, кои се за еднократна употреба и согласно сите стандарди за саемско изложување“.

Во план е организирање на нова саемска манифестација Еко енергетика со главен фокус на обновливи извори на енергија, односно соларната енергија и соларните панели, како и други производи согласно новите светски трендови и развој на нови технологии.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Аеродром ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Небото е тематски двигател на изложбата „Синестетички релации“

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во Скопје денес со почеток во...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Земени мостри за утврдување дали отпадот кај Орман е токсичен

Прекршочна или кривична пријава или, пак, само опомена ќе заработат надлежните за...