СЦЕНА

ВЕЧЕРВА ВО НОБ ЗАСПАНАТА УБАВИЦА ОД ПЕТАР ИЛИЧ ЧАЈКОВСКИ

По 12 години пауза Националната опера и балет (НОБ) ја враќа повторно на сцена балетската претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски, која ќе се изведе вечерва во 20 часот. Билетите за вечерашната изведба се распродадени.

Вечерва ќе диригира Бисера Чадловска, а главните улоги ги играат Марија Кичевска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија) и Ивана Коцевска. Кореографијата е на Виктор Јаременко од Украина, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн е Милчо Александров.

Следната изведба е закажана на 12 април, со Мими Поп Алексова-Атанасовска, Франциско Хименз Руиз и Наташа Трендафилова-Гицев, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на Оркестарот на НОБ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...