АКТУЕЛНО

НИТУ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП НЕ САКААТ ДА БИДАТ ДИРЕКТОРИ: Го избрале за в.д управител, а тој за 24 часа им порачал дека „не прифаќа и не се согласува“

Пропадна обидот ЈСП ТУРС да добие нов директор. Иако пред неколку дена Управниот одбор на ЈСП-Скопје донел одлука за именување на в.д. директор, потенцијалниот вршител на должност не ја прифатил.

Зоран Спанџевски, кој во претпријатието е вработен како советник за правни работи, писмено за само 24 часа го информирал Управниот одбор дека „НЕ ЈА ПРИФАЌА И НЕ СЕ СОГЛАСУВА“ со одлуката да биде именуван за вршител на должност – управител на ЈСП ТУРС. Тој во своето известување образложува дека „од лични причини и дополнителни приватни ангажмани“ не прифаќа да го раководи делот од ЈСП за превоз и туризам.

На 17.03.2023 (петок), Управниот одбор на ЈСП донел одлука Спанџевски да биде в.д. управител на ЈСП ТУРС. Веќе во вторникот 21.03.2023, тој ги известил членовите на одборот дека не се согласува да биде на оваа функција.

ЈСП ТУРС со месеци е без директор, откако лани во септември, тогашниот директор Филип Василевски си поднесе оставка објаснувајќи дека не може да директорува без поддршка од Градот и нормална комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и генералниот директор на ЈСП, Александар Стојковски.

„ Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнуваат и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП ТУРС, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам“, изјави тогаш директорот на ЈСП ТУРС Василевски.

Ова е прв обид, по шест месеци од неговата оставка, да се именува управител на ЈСП ТУРС, но без успех. Дека овој дел од јавното сообраќајно претпријатие не функционира, говори и фактот што на веб страната на ЈСП, нема никакви податоци за него, ниту пак се отвора интернет страницата на ЈСП ТУРС. Не функционираат ниту социјалните мрежи и последна објава има од април минатата година. Кога се пребарува на Интернет, ЈСП ТУРС како да не постои.

ЈСП ТУРС постои од 1991 година и претставува туристичка агенција во рамките на јавното сообраќајно претпријатие.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...

АКТУЕЛНО

Поради инаетот на Арсовска, сега ЈСП ќе плаќа и камати за долгот кон приватните превозници

Јавното сообраќајно претпријатие никако да ја заврши финансиската голгота со приватните превозници,...