АКТУЕЛНО

ЗАПУСТЕН ГРАДСКИ ПАРК: Клупи и канти нема, а децата играат во исушен и очаен лавиринт

Првиот дел од Градскиот парк е во очајна состојба. Иако на само неколку метри од градоначалничкиот кабинет, на овој потег, трева ретко каде има, детските лавиринти се целосно исушени, а клупи и канти за ѓубре речиси и да нема. На влезот во паркот, од пешачкиот премин кај старо Матично, има само една канта, втора ќе најдете дури 10 метри подолу, пред првата фонтана, која секогаш е преполна, бидејќи овој дел од паркот е најпосетен и преку работната седмица и преку викендите. На почетокот, во првото уличе, имаше и три клупи, кои сега се само привидно вратени и неприцврстени, се нишаат при седнување и воопшто не се безбедни. На второто уличе клупите воопшто ги нема, иако до пред некое време ги имаше на две позиции.

Во овој дел од десната страна има и детски лавиринт, кој треба да биде забава за најмладите. Но, наместо зелени, поткастрени грмушки, сега во средината има само пожолтени суви гранки. Околу него, речиси и да нема трева, па децата честопати играат во прашина, на земја.

“Ова е невиден очај. Секој ден сум тука со децата. Пред некое време нешто копаа, правеа, па ставаа асфалт и така оставија. Не ги вратија ни клупите, ниту пак ставија канти, а уште помалку цвеќе или ново зеленило. Овој дел е првата слика за Градскиот парк и погрда не била никогаш“, револтирано кажува Љ.К.

Иако на ова уличе имаше клупи и канти на два потега, сега нема ништо.

Во катстрофална состојба се и скалите со двата столба на овој дел од Градскиот парк. Искршени, небезбедни и од страв никој не ги користи за да премине во второто ниво на паркот. Сите посетители мораат да газат по тревата, за да се спуштат или качат не нивоата.

„Значи, овој дел ми беше најубав за седење, за уживање. Сега не личи на ништо. Искрено се надевам дека некој од надлежните ќе види и ќе се направи нешто. Да не се дозволи паркот, кој навистина е преубав, да се запусти“, коментираат граѓаните кои ги сретнавме во саботата во овој дел од Градскиот парк.

Детскиот лавиринт е целосно исушен и несреден.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Кучешки маскенбал во Скопје

Во организација на ЈП „Лајка“ вчера во градскиот парк се одржа максенбал...

АКТУЕЛНО

Центарски улици 2 – Светски ден на уметноста

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како...

АКТУЕЛНО

Бесплатни билети за учениците од Центар во театар за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар...

АКТУЕЛНО

Конечно, тргнати новогодишните куќарки од плоштадот

Град Скопје вчера ги тргна новогодишните куќарки од Плоштад Македонија. Екипи од...