РИТАМ НА ГРАДОТ

ГОДИНАВА ПРОДОЛЖУВА ЗАПОЧНАТАТА РЕСТАВРАЦИЈА НА СПОМЕН – КУЌАТА НА ЛИЧЕНОСКИ

Вчера се навршија 122 години од раѓањето на македонскиот експресионистички сликар и еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија – Лазар Личеноски. Тоа е уметникот кој на своите платна автентично и живо ги сликаше Галичник и Македонија. Неговите слики се сопственост на Националната галерија.

Од февруари 2015 година, куќата на Личеноски, која се наоѓа во подножјето на Скопското кале е државна сопственост.

Основниот проект за санација на куќата и нејзино адаптирање во спомен-куќа „Музеј Лазар Личеноски“ е во надлежност на Конзерваторскиот центар Скопје.Оттаму добивме информација дека куќата на Личеноски е дел од Годишната програма на Заводот.

„Програмата за 2023 година, главно претставува продолжување на отпочнатите активности во текот на 2022 година, а се однесува на увиди на споменици на културата, изработка на Елаборати за валоризација и ревалоризација, изработка и реализација на проекти за ѕидно сликарство, продолжување со реализација на проектите за конзервација и реставрација на фасади, на спомен-домот на Личеноски, како и проектот кој се однесува на Шалтер салата на споменичката целина Нова Пошта, изработка на Заштитно конзерваторски основи за подрачје на опфат на Детални урбанистички планови, како и проект за споменик и спомен обележје од периодот на НОБ“ – изјавија одговорните лица од НУ Конзерваторски завод.

Во 2017 год. спомен куќата на Личеноски е прогласена за културно наследство на Македонија од особено значење. Очекувањата се дека надлежните годинава ќе го исполнат планот и конечно овој објект ќе го добие вистинскиот третман на музеј.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голем музички хепенинг во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар најавува една нова музичка приказна која своевремено ќе стане обележје...