КУЛТУРА

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО: КАДЕ Е КЛУЧОТ ОД КУРШУМЛИ-АН ?

Споменикот на културата  Куршумли – ан, кој се наоѓа во старата скопска чаршија од 2016 е затворен за сите посетители и случајни минувачи. Ако сакате да го видите овој класичен репрезент на отманската архитектура од 16 век, ќе морате претходно да се најавите во Турскиот културен центар Јунус Емре кој работи со овој објект. Тоа е една од процедурите, а како што дознаваме од Јунус Емре,  друга опција е да побарате некој од Музеј на Македонија кој е во непосредна близина на објектот, за да ви отворат.

Од Музеј на Македонија пак, добивме информација дека не смеат да отворат без претходна дозвола од Турскиот културен центар.

„Од 2016 година со билатерален договор меѓу двете држави, Македонија и Турција, Куршумли-ан е даден на користење на Турскиот културен центар Јунус Емре на период од 10 години„, вели Неше Шабан, координатор за култура и уметност во Јунус Емре. Оттаму ни изјавија дека објектот може да се посети, само со претходна најава во центарот.

Претходно во овој објект се реализираа различен тип настани и скоро секојдневно во него имаше живот, што од случајни минувачи, што од организирани туристички тури. За да сега стигне до степен на непосетеност и отворен само за настани кои се помалку се организираат во него.

Минатата година Куршумли ан е прогласен како културен објект од особено значење, што предвидува строго одредени мерки на заштита, користење и одржување при што ќе се зачувуваат автентичните уметнички, амбиентални, просторни или други карактеристики според кои делото е вреднувано.

Од НУ Конзерваторски центар Скопје, ни кажаа дека пред неколку години бил изработен проект од нивна страна. Проектот добил и конзерваторско решение но, никогаш не се реализирал.

„Врз основа на билатералниот Договор помеѓу Република Турција и Република Македонија за формирање и активност на културните центри, кој стапи на сила во 2015 год., Управата за заштита на културното наследство на Република Турција, а во соработка со нашите надлежни установи, изработи Основен проект за конзервација и реставрација на Куршумли ан во Скопје“ објаснуваат од НУ Конзерваторски центар Скопје.

Согласно гореспоменатиот проект Република Турција е инвеститор за реализацијата на овој проект, а под стручен надзор на Конзерваторскиот завод. До сега не се известени за подготовки за отпочнување на реализацијата.

Откога е даден на употреба на Турскиот културен центар, објектот е постојано под клуч и не е достапен за туристите и сите оние што сакаат да го видат, а како споменик на културата напротив би требало да биде отворен.

„Со извршените увиди во септември 2016 година на наши стручни лица и стручен тим од ИЗИИС Скопје, а заради проценка на безбедноста на објектите по земјотресот во Скопје од 11.09.2016 година е констатирано дека постои опасност од дополнителни обрушувања на објектот. Од тие причини е препорачана забрана за влез во дел од просториите, ограничено движење по скалите и катот како и поголеми собири на луѓе кои можат да предизвикаат вештачки вибрации, се до превземање на мерки за санација на објектот“, велат од Конзерваторскиот центар.

Се до превземање на мерки за санација на објектот! – Кога, не се знае. Ќе видиме колку ќе издржи Куршумли ан, со оглед на тоа што неколку години освен што се коси трева, друго ништо не се презема!

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...

КУЛТУРА

Театарскиот перформанс „Лилит“ во КСП Центар-Јадро

Денес со почеток во 20:00 часот во КСП ЦЕНТАР ЈАДРО, ќе се...