Сè што не опкружува во нас буди емоции, позитивни или негативни, вклучувајќи ги и боите. На пример, ако сакате да ослабете, мора да ја избегнувате жолтата боја бидејќи ви го зголемува апетитот, додека среброто може да ви го спаси животот.
Мажите и жените различно ги гледаат боите
Постои специфичен ген благодарение на кој ја гледаме и интерпретираме црвената боја, открија истражувачите од Универзитетот во Аризона. Жените имаат два Х хромозома додека мажите имаат само еден. Ова е причината зошто жените разликуваат нијанси на црвено, додека мажите го гледаат црвеното како црвено.
Затоа, жените кои не можат да се одлучат за нијанса на кармин, не треба да се грижат, бидејќи на мажите не им е важно, сите ќе бидат црвени.
Сребрената боја на автомобилот може да спаси живот
При изборот на автомобил, не грижете се премногу за целата понуда на бои. Среброто е најдобриот избор бидејќи е лесно да се забележи на патот, особено ако видливоста е слаба и може да ви го спаси животот, покажуваат студиите. Покрај тоа, сребрената боја е полесна за одржување бидејќи нечистотијата е помалку видлива.
Розовата боја ги смирува нервите
За да се смират бурните затвореници и агресивните пациенти, ѕидовите на затворите и менталните установи можат да бидат обоени во розова боја. Оваа боја им помага да ги држат под контрола, односно ги смирува нивните нерви, претставува надеж – чувство дека се ќе биде во ред.
Значи, розевата не е резервирана само за девојките Барби, нивните миленици, куќи, автомобили… Розовата боја ја претставува безусловната љубов и разбирање што жените треба да си ги дадат една на друга. Покрај тоа, розовата е романтична и интимна во исто време.
Светлите бои доведуваат до нови пријатели
Истражувањата покажуваат дека боите се одговорни за 62 до 90 проценти од влијанието врз првиот впечаток при состанувањето. Значи, ако сакате да носите црно или нешто неутрално, време е да ја освежите вашата гардероба со портокалова или виолетова боја. Можеби оваа ситница ќе ви го насочи животот во нова насока, со нови пријатели, партнер или нова работа.
Сината е најпопуларна боја
Во целиот свет сината е најомилена боја и дури 40 отсто од населението ја избира во секојдневниот живот. На второ место по популарност е виолетовата, но е далеку зад сината бидејќи ја претпочитаат само 14 проценти од луѓето.
Боите можат да бидат застрашувачки
Има луѓе кои имаат паничен страв од бои, кога гледаат во бои се чуствуваат како животот да им виси на конец. Тие страдаат од хромофобија – нарушување поради кое се плашат од бои. Некои бурно реагираат на одредени нијанси, а други на бои воопшто.
Симптомите вклучуваат гадење, вртоглавица, отежнато дишење, чувство на паника, зголемен пулс, висок крвен притисок, анксиозност, главоболка итн. Постојат специјални терапии кои им помагаат на луѓето да се ослободат од оваа фобија.
Од жолтата боја се чуствуваме гладно
Не е добро да се чуваат жолтите и портокаловите бои во кујната бидејќи го поттикнуваат апетитот. Ако планирате да одите на диета, отстранете ги од видот сите предмети од овие бои. И внимавајте на рестораните и другите места каде што служат храна, бидејќи тие знаат да ја искористат оваа појава.
Leave a comment