СКОПСКИ ВЕСТИ

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПЛОЧНИКОТ КАЈ ЗЕЛЕН ПАЗАР

Проектот за целиот овој појас, го опфаќа плочникот кој со години не е реконструиран, но делот на зеленилото.

Дотраениот плочникот пред Зелен пазар ќе се поправа. Според најавите од Општина Центар, освен реконструкција, на овој потег ќе се сади и ново зеленило. Во тек е изработка на проект за целиот плочник, кој предвидува замена на сите искршени и оштетени плочки, како и оплеменување на земјените површини со зеленило и цвеќиња.

„Во моментов едната површина е ископана и се спремаме да ја зазелениме. Во текот на викендов ќе се продолжи на другите зелени површини. Направенн е и проект за урбанизирање на целиот овој појас кој го опфаќа плочникот кој со години не е реконструиран, но и во делот на зеленилото. Исто така ќе се санира и паркингот, со цел да нема прокапување. Ќе се отстрани и дрвото кое со години седи исечено и планираме да ставиме огради за да го заштитиме целиот појас и да не се повторува во истиот да имаме диви продавачи“, изјави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Според него, по засилените инспекциски контроли, јавната хигиена на потегот околу Зелен пазар е подигната на повисоко ниво, но потребна е континуирана работа.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Пролетен маскенбал на домашни миленици

ЈП „Лајка“ в недела напрадне  на „Школка“ во Градски парк организира добра...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Втора државна изложба на кучиња од расата „македонски паничар“

Кинолошкиот клуб „Македонски паничар“ в сабота во паркот во Ѓорче Петров ќе...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Поставена нова урбана опрема на плоштадот во Автокоманда

Изминатиот период се реализираа активности за поставување на нова урбана опрема на...