ИНФО

Скопје се збратими со Измир

Со вчерашното потпишување на протокол, Скопје се збратими со градот Измир во Турција. Делегацијата на Град Скопје е во службена посета на Измир,  каде се одржа работна средба со градоначалникот Мустафа Тунч Сојер на која се потпишаа документите за соработка.

Со потпишување на овој протокол за збратимување, се истакнува подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка на конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на туризмот, економијата, културата, образованието и животната средина.

Град Скопје и Град Измир, пристапуваат кон конкретна соработка преку реализација на проекти од взаемен интерес и утврдување на соодветна динамика за нивна имплементација.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...