РИТАМ НА ГРАДОТ

СКОПСКИТЕ МУРАЛИ – УКРАС НА ГРАДОТ

„Муралите се појавуваат на уметничката мапа заради искажување критика на негативните општествени појави во јавен простор. Но некогаш може да имаат и само декоративна намена“.

Мурал или ѕидно сликарство означува композиција направена на ѕид, таван или некоја друга голема изѕидана површина.

„Во разговорна смисла, „улична“ уметност. Имајќи го предвид просторот во кој се појавува оваа форма на уметност. Инаку многу сериозна уметност, која бара креатива, знаење и храброст.“  сподели со нас Бранкица Јордановска, визуелен уметник, костимограф и културен активист.

Бранкица Јордановска, уметник, костимограф и културен активист.

Муралот не е графит. И муралот и графитот се облик на современата улична уметност но, се разликуваат по значењето, техниката на изработка, уметничкиот квалитет.

Графитот го искажува мислењето на авторот за некоја тема преку чкртаници, знаци и изреки запишани на ѕидот и најчесто е илегален.

Графитите и муралите имаат за цел да го привлечат вниманието на случајните минувачи и за момент да ги замислат во однос на темата.

Дино парк во ЗОО.

Бранкица Ј.вели дека: „Муралите се појавуваат на уметничката мапа токму заради искажување критика на негативните општествени појави во јавен простор. Но некогаш може да имаат и само декоративна намена“.

Инаку во суштина уметничкиот израз на муралите не е, и не може да биде деликвенција. Во правна формулација како деликвенција се толкува искористување/злоупотреба на ѕид кој не е дозволен за цртање. Оттаму доаѓа и тоа банализирано едначење во јавноста.

Според Бранкица: „Треба на јавноста да и се дообјасни оваа дистинкција на правно и уметничко толкување на работите за да не доаѓа до недоразбирање“.

На прашањето каков е предизвикот да нацрташ мурал, Бранкица одговара: Креативен, забавен и возбудлив. Некогаш и застрашувачки ( се плашам од височина 🙂 )

Таа има цртано и мурали по порачка, но сепак за неа многу повозбудливо е кога има прилика слободно да се изрази, без да и е наложена палета, материјали и тематика.

Омилен мурал што го има нацртано е оној во Театарот за деца и младинци.

Градот Скопје во 2021 година назначи два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично. На тоа Бранкица кажува: „Не знам дали е тажно или смешно, што има само два легални ѕидови во градов. Веројатно надлежните треба да поработат на оваа проблематика“.

За крај интервјуто со оваа урбана уметница го завршуваме со нејзината желба „Многу мои дела сакам да ги пренесам на повеќе ѕидови низ Скопје :)“

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Fame’s unplugged session“ во Café Literatura

Утре, од 12:30 до 13:45 часот, во ‘Café Literatura’ (Дајмонд мол), љубителите...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА

Оваа сабота, на 17 февруари, во 20:30 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите...

РИТАМ НА ГРАДОТ

По 12. пат „Земјотрес“ во МКЦ

Најголемиот фестивал на свежа, домашна и независна музика Земјотрес, ќе се одржи...