СКОПСКИ ВЕСТИ

ОТВОРЕН НЕГА ЦЕНТАР ВО КИСЕЛА ВОДА: Бесплатна помош за одржување лична хигиена и купување храна и лекови за лицата на 65 години

Oколу 40 лица над 65 години на кои им е потребна грижа и нега, како и лица со намален функционален капацитет и попреченост кои живеат на територија на општина Кисела Вода, во наредниот период ќе почнат да ја добиваат неопходната помош и нега во рамки на нивните домови. За нив секојдневно ќе се грижат 20 лиценцирани негуватели од Нега центарот Кисела Вода кои ќе им обезбедуваат помош во одржување на личната хигиена, при обезбедување на потребните намирници, лекови и слично, како и во одржување на домот.

Развојот на оваа услуга е дел од сеопфатната социјална реформа на Владата и Министерството за труд и социјална политика, која финансиски е поддржана од Светска банка, преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, а има за цел да го одржи и подобри вкупниот квалитет на животот на корисниците во нивното семејно опкружување.

„Ефектите од воведувањето на ваквите нови социјални услуги со кои значајното се подигнува квалитетот на живот на старите изнемоштени лица, кои наместо во установа, неопходната грижа ја добиваат во нивниот дом, се вистинскиот показател за успешноста на социјалната реформа. Дополнително, преку оваа реформа се создадоа реални можности за работно ангажирање како негуватели на невработени лица, самохрани родители и лица од социјален ризик. Особено е важно што голем дел од нив се жени, што ја покажува посветеноста на министерството за економско зајакнување на жените, особено на оние од ранливите категории. Сето ова говори дека стратешка определба на Владата и Министерството за труд и социјална политика за зајакнување на човечкиот капитал, намалување на сиромаштија и подигнување на квалитетот на живот во земјата се остварува“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Со новиот центар ќе управува Црвениот крст на Град Скопје кој за воспоставување на новата социјална услуга ја доби соодветната дозвола за вршење дејност од областа на социјалната заштита што ја издава Министерството за труд и социјална политика.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Герасимовски: Сајбер булингот е „злото“ на новото време, клучно е домашното воспитување

Сајбер булингот е „злото“ на новото време кое бара сериозен пристап од...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Арсовска со навреди кон деканот на градежниот факултет: Тоа е оној кој од дома по пижами даваше дијагностика за мостот Беласица

Во интерјву за емисијата 360 степени градоначалничката на Скопје упати навреди кон...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Нова механизација за ЈКП „Гази Баба“ и изградба на спортски центар во Хиподром

Општина Гази Баба промовираше два нови проекти со вкупна инвестициска вредност од...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во скопската Зоолошка се одбележа Светскиот ден на нилскиот коњ

Вчера по повод Светскиот ден на нилскиот коњ, пред живеалиштето на Буцо...