АКТУЕЛНО

ОБОЕНИТЕ РЕГИСТРАЦИИ БЛОКИРАА ДЕЛ ОД ТАКСИСТИТЕ: Без лиценца нема жолта табличка, а без табличка нема лиценца?!

Жолтите таблички всушност се со цел да се избегнат т.н. диви таксисти кои возат низ градот и по повисоки цени и без соодветни услови.

Групацијата на скопски авто такси превозници  упати барање до Град Скопје за надминување на проблемот со жолтите таблички, кои се задолжителни за сите таксисти во главниот град. Тие бараат што побрзо да се реши косењето на двете законски регулативи за жолтите таблички поради што возачите не можат да ги обноват возилата, како и решавање на проблемите со возачите без лиценци, без фискални таксиметри, со диво наштелувани фискални сметки и таксиметри, не пријавените такси возачи, задолжителните обележја и не совпаѓањето на лиценците со возилата.

Според законската регулатива, жолтите регистарски таблички значат безбедност за граѓаните при изборот на такси возило, односно лицето кое се вози е сигурен дека избраниот таксист има лиценца и ги исполнил условите за вклучување во овој тип на превоз. Жолтите таблички всушност се со цел да се избегнат т.н. диви таксисти кои возат низ градот и по повисоки цени и без соодветни услови. Обоените таблички ќе овозможат разликување од сите останати учесници во сообраќајот.

Во моментов, според објаснувањата на таксисите, дел од нив не можат да се вклучат во градскиот такси превоз, бидејќи им се истечени лиценците за работа. За да добијат продолжување на лиценцата ним Министерството за транспорт и врски им бара да имаат жолти таблички. А, од друга страна пак за да добијат жолти таблички, на таксистите, Министерството за внатрешни работи им бара важечки лиценци.

Оваа такси групација очекува поддршка од Градот за надминување на овој проблем, со кој во такси превозот во Скопје би се вклучиле уште над 1.000 такси возила.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...