ИНФО

НОВ ПОКРИВ И ФАСАДА НА ГРАДИНКАТА 13 НОЕМВРИ

Детската градинка „13 Ноември“, објект „Јасмин“, која се наоѓа до полициската станица Беко во Центар за кусо време ќе функционира со нова енергетски ефикасна фасада. Во завршна фаза е целиот проект кој опфаќа и реконструкција на целата кровна површина на објектот.

„90% од градежните зафати на кровната површина на покривот на градинката се веќе готови. Станува збор за реконструкција на целата кровна површина. Истовремено работиме и на поставување на енергетски ефикасна фасада. Во моментов е поставена изолација и подлога и се работи на поставување на топлотна изолација на фасада за зголемување на енергетската ефикасност. По завршување на фасадата останува уште да се изработат завршните работи и опшивки на покривот“, велат од Општина Центар.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со мала облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност....

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 137 возачи, 43 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера на територија на град Скопје изрече 137 казни за...

ИНФО

Жичницата на Водно денес нема да работи поради технички зафати

Жичницата на Водно денес нема да работи поради предвидени технички зафати, информира...