СЦЕНА

КУЛТУРЕН ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

Во Театар Комедија вечерва (24.03) со почеток од 20ч. се прикажува Клетвата на Скотје.

По премиерата минатиот викенд, во Драмски театар викендов повторно на репертоар Емигранти и тоа на 24.03 со почеток од 20ч.

Во МНТ ќе играат две претстави викендов. Во петок на 24.03 Нема да биде крај на светот и во сабота урнебесната комедија Мој термин со почеток од 20ч.

Театар за деца и младинци во петок ја има преставата Супербајкастично, а во сабота Палешка. Почеток на двете претстави е од 19ч.

Интересни работилници викендов има во МКЦ, Бруталиск и Јавна соба.

Во МКЦ после неколку години повторно за сите велосипедисти практична работилница за поправка и разубавување на велосипеди. Во сала 25 мај на 25.03 со почеток од 11:00 со професионалци од областа.

Во Бруталиск истовремено ќе имате можност да ги однесете децата, внучињата на интересна уметничка работилница насловена како TRASH TO ART со Кате Биновска. Од 11:00 до 13:00 родителите на кафе, децата во занимална. Have fun!

Вечерта со почеток од 21:00 Мирко Попов со свој диџеј сет ќе ја забавува публиката во Бруталиск.

Ако сакате промена од вашата вообичаена прошетка во парк со вашите најмили, во недела во Public Room имате на располагање детска програма која што се состои од 4 работилници.

 

ЦРВЕНА ЈАБУКА во сабота на 25.03 и во недела на 26.03  доаѓа во Македонска Филхармонија да ги потсети сите нивни обожаватели на хитовите кои се пееја и се уште се пеат.

Викендов на улица Македонија се одржуваат денови на медот. Минувачите ќе имаат можност да дегустираат домашни и органски пчелини производи.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...