Управата за хидрометеоролошки работи инфомира дека овој викенд во главниот град времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотрајно пороен дожд и ретки грмежи. Минимална температура ќе се движи од 2 до 9 степени, а максимална температура од 18 до 24 степени.
Во недела ќе биде сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде релативно висока со минимална температура од 3 до 8 степени и максимална од 17 до 23 степени.
Leave a comment