АКТУЕЛНО

ТРЕТА СРЕЌА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ НА УЛИЦИТЕ: Има пријави на огласот, ќе се разгледуваат наредна недела

Приватните превозници аплицирале на третиот оглас кој го распиша Град Скопје за нивно враќање во јавниот превоз. На првите два огласи кои ги распиша Градот не се пријави ниту еден превозник, но сега како што вели градоначалничката Данела Арсовска состојбата е сменета откако било формирано ново координативно тело на превозниците.

„Се пријавија превозници кои сакаат да вршат превоз. Чекаме да помине рокот за поднесување пријави и по пошта и наредната недела комисијата која работи на овој предмет ќе има финална одлука“, кажа Арсовска одговарајќи на новинарско прашање.

Град Скопје на 6 март го објави третиот оглас за доделување линии во јавниот превоз на приватните превозници. Огласот беше за истите линии на кои приватниците возеа со години односно додека се скараа со градоначалничката Данела Арсовска. Се бараат приватници за 16 линии кои се поделени во три пакети односно за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овие линии потребно е да има 115 автобуси и 245 возачи.

Приватните превозници престанаа да возат и јавниот превоз е во колапс од декември лани. Проблемот настана бидејќи ЈСП „Скопје“  со месеци не им исплаќаше пари, а Арсовска не им го признаваше долгот од 1,5 милиони евра..

Градоначалничката три месеци не ги примаше на средба приватниците и не признаваше дека има проблем со јавниот превоз. Велеше дека автобуси на улиците има доволно, дека ЈСП „Скопје“ ги заменува овие линии иако граѓаните со саати чекаат на станиците, а кога ќе дојде автобус тој е преполн.

На 1 март превознците имаа средба со претставници на Град Скопје после која изјавија дека бил постигнат договор и покрај нов оглас за истите линии, им било ветено и дека ќе се исплати долгот од 1,5 милиони евра. Тие рекоа дека веќе нема да бидат застапувани преку фирмите „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ туку ќе формираат нови три фирми.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...

АКТУЕЛНО

Целосно е реконструирана градинкатa „Пчелка 2“

Со реновирање на внатрешноста на објектот, заврши втората фаза од проектот за...