СЦЕНА

БЕСПЛАТНА ПРЕТСТАВА ВО МНТ НА 27 МАРТ

По повод Светскиот ден на театарот – 27 Март, во Македонскиот народен театар, публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак.

Во претставата играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.

Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската и националната порака по повод Светскиот ден на театарот. Автор на светската порака е  египетската актерка Самиха Ајуб, а автор на македонската порака годинава е  актерката Теута Ајдини-Јегени.

МНТ информира дека билетите за претставата треба да се подигнат на денот на изведбата, од 14:00 часот, од билетарницата на Театарот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...