Алергискиот ринитис или воспаление на носната слузница е една од најчестите клинички форми на алергија.
Станува збор за сезонска или трајна алергија која се појавува во пролет, есен и лето или трае во текот на целата година. Симптомите се кивање, кашлање, затнат нос, насолзени очи, а понекогаш влијаат на секојдневните активности и сонот. Најважно е да се обидете да избегнете алергени и да користите пропишани терапии.
Алергените се безопасни материи кои предизвикуваат алергиски реакции кај некои луѓе. Поточно, алергиските реакции се прекумерни реакции на имунолошкиот систем на алергени. Телото во контакт со алергенот создава хистамин, природна хемикалија која го штити телото од алергенот, а токму оваа хемикалија може да предизвика алергиски ринитис или поленска треска.
Поленот се создава во пролет, лето или есен и не може да се избегне кога е во воздух. Кога поленот ќе дојде во контакт со слузокожата на нашиот нос, тој ослободува низа хемиски соединенија кои потоа предизвикуваат реакција во телото. Освен поленот, други алергени се прашина, мувла, грини, влакна, плунка и животински првут (најчесто кучиња и мачки).
Има акутен алергиски ринитис, кој е предизвикан од поленот, но и хроничен алергиски ринитис кај кој алергените се активни во текот на целата година, а најчесто тоа се алергени кои се наоѓаат во домот како прашина или влакна од мачки.
Алергијата може да се појави кај секого во кој било период од животот. Сепак, во повеќето случаи се појавува во пубертетот, а пушачите, луѓето со астма или атопичен дерматитис се изложени на поголем ризик од алергии. Ринитис често се јавува во комбинација со астма.
Симптоми на алергиски ринитис
Симптомите се појавуваат наеднаш, штом слузницата на носот дојде во контакт со алергенот. Дури и мало ниво на алерген им пречи на некои луѓе, додека пак други имаат алергиска реакција на високи нивоа.
Симптомите се слични на настинката, а најчести се:
Кивање, течење на носот, затнат нос, чешање на носот, кашлица, воспалено, грло, насолзени очи, чести главоболки, сува кожа и замор.
Освен овие, алергискиот ринитис може да предизвика и проблеми со сонот и да влијае на квалитетот на сонот, но и многу дневни активности бидејќи ја намалува концентрацијата и работната активност. Хроничниот ринитис обично е проследен со затнат нос, а кај децата тоа може да предизвика хронично воспаление на средното уво.
Како се дијагностицира и лекува алергискиот ринитис?
Се дијагностицира со анамнеза или кожен тест за алергии, односно алергени. Освен тоа, за откривање на алергии може да помогне и крвната слика.
Пред сè, важно е колку што е можно да се избегнуваат алергени. На пример, во време на сезонски алергени како што е полен, намалете го излегувањето во природа во утринските часови, при излегување од домот препорачано е да носите маска и ракавици додека вентилација на просторот е неопходено.
Кортикостероидите (кои се користат во најтешките случаи), капките за нос, солен раствор, како и антихистаминиците земени во форма на спреј, таблети или капки помагаат при алергии. Во некои случаи може да помогне имунотерапијата, при која во третманот се користи алерген на кој пациентот е чувствителен, а тоа го поттикнува развојот на толеранција кон алергенот.
Алергискиот ринитис е една форма на алергија предизвикана од привремени или трајни алергени. Најчести симптоми се течење на носот, кивање, кашлање, насолзени очи и главоболка. Важно е редовно да се зема пропишаната терапија и алергијата ќе исчезне со текот на времето.
Leave a comment