ИНФО

ШАРЕНОЛИКА ПРОГНОЗА: Еве какво ќе биде времето во деновите пред нас

Според метеоролозите времето во наредните денови ќе биде променливо, а временската прогноза за претстојната седмица е претежно несигурна. Првиот пролетен ден помина со облачно време со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови беа пообилни.

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе го обележи денешниот ден. Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 0 до 7 степени, а максималната температура ќе биде во интервал од 08 до 16 степени.

Во четврток (23.03) ќе биде значително сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде од 0 до 6 степени, а максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени.

Во петок (24.03) според моменталната прогноза ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 7 степени, а максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...

ИНФО

Голем Хепенинг во сабота во парк на Франкофонија

Општина Центар организира хуманитарен концерт со цел собирање срества за лекување на Кара...

ИНФО

„Халкбанк“ организира работилници во рамки на иницијативата Прајслес планет

Во рамки на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД...