АКТУЕЛНО

Уште 70 милиони евра за пречистителна станица, Арсовска вели договорите за старт на проектот ќе се потпишат наскоро

Седумдесет милиони евра неповратни пари додели Европската унија на државата за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Договорот за грантот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Со добивањето на овие пари вкупната вредност на проектот е околу 200 милиони евра. Претходно уште во 2019 година државата потпиша договор за кредит со Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој во висина од 136 милиони евра за изградба на пречистителната станица.

За да стартува проектот треба градоначалничката Данела Арсовска да го потпише договорот со фирмите за градба и надзор. Двете постапки ги води ЈП „Водовод и канализација“ и се веќе завршени, но договорите уште не се потпишуваат. Градоначалничката Данела Арсовска која присуствуваше на потпишувањето на договорот за грант кажа дека наскоро ќе бидат потпишани двата договори и со тоа паѓале во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за фаворизирање на турски фирми.

Како што беше кажано проектот ќе овозможи подобри услови за живот за околу 540 000 луѓе и е најголемиот досега кај нас во секторот животна средина. Министерката Шукова рече дека со изградбата на пречистителната станица, ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води во Скопје со што ќе се исполнат минималните барања од Директивата на ЕУ за третман на урбани отапдни води.

Пречистетлната страница е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите засегнати страни. Но, сите заедно сме подготвени да го прифатиме предизвикот. Целта на проектот е да даде значаен и мерлив придонес за подобрување на скопската урбана средина и за подобрување на третманот на отпадните води, прочистување и елиминација на милта, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и водните тела“, рече Шукова.

Ероамбасадорот Гир потврди дека грантот е уште една практичен пример за поддршката од ЕУ за Северна Македонија.

Откако ќе биде пуштена во функција, пречистителната станица ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540 000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди. Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар која тече од Скопје кон Егејско Море да биде помалку загадена“, кажа Гир.

Заменик претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова потсети дека овој проект досега доби голема техничка помош и поддршка, а во претстојните денови треба да се потпишат договорите за изградба и надзор од Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Кучешки маскенбал во Скопје

Во организација на ЈП „Лајка“ вчера во градскиот парк се одржа максенбал...

АКТУЕЛНО

Центарски улици 2 – Светски ден на уметноста

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како...

АКТУЕЛНО

Бесплатни билети за учениците од Центар во театар за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар...

АКТУЕЛНО

Конечно, тргнати новогодишните куќарки од плоштадот

Град Скопје вчера ги тргна новогодишните куќарки од Плоштад Македонија. Екипи од...