АКТУЕЛНО

КОМИСИЈА ЗА ПРАВА НА ПАЦИЕНТИ: Каде да пријавите ако не можете да закажете бесплатен лекарски преглед или имате здравствени последици од некоја операција

За се што сметате дека ги повредува или ограничува вашите права како пациент, може да ја алармирате Комисијата, која го разгледува секој случај поединечно, расправа по него и донесува решенија и насоки.

По одредена временска пауза, во рамките на Град Скопје веќе функционира Комисијата за унапредување на правата на пациентите. Тоа значи дека секој пациент, граѓанин или здружение на пациенти ќе може да поднесе претставка или жалба за евентуално повредени или нарушени права во здравствениот систем. Во пракса тоа подразбира да доколку не можете да закажате преглед кај лекар на државна сметка, а ви следува, или пак се соочувате со недоследности или последици од одредена интервенција по здравјето, преку оваа Комисија може да побарате помош.

За се што сметате дека ги повредува или ограничува вашите права како пациент, може да ја алармирате Комисијата, која го разгледува секој случај поединечно, расправа по него и донесува решенија и насоки.

Се што треба да направите е телефонски да се обратите до Комисијата (3297 278) или по електронска пошта да испратите преставка за проблемо со кој се соочувате и ви е потребна стручна помош (pravanapacienti@skopje.gov.mk).

Оваа Комисија ги штити правата на секој еден пациент и служи за унапредување на правата, со цел да им помогне на сите кои сметаат дека не го добиваат она што законски им е загрантирано.

“Многу интензивно работиме и веќе со дел од здруженијата на пациенти имаме остварено средби, на кои им укажавме како најефикасно да делуваме во интерес на пациентите. Од претходното работење на оваа Комисија, која беше повеќе од една година во мирување, половина од случаевите се позитивно решени, а ние имаме за цел тој процент да биде уште поголем“, изјави проф. д-р Никола Пановски, советник и претседател на Комисијата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...