СКОПСКИ ВЕСТИ

ОМИЛЕНИ ВИКЕНД ДЕСТИНАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Викендов, скопјани го искористија убавото време максимално. Екипата на 091info.mk ги посети Градскиот парк, Водно и Матка.

На сите локации имаше неверојатна гужва и полицијата се обидуваше да направи ред во сообраќајниот хаос на Матка и Водно каде имаше непрописно паркирани возила на секој чекор.

На Водно до Марково крувче и по трим патеката е една од полесните патеки. Времетраење за искачување до Средно Водно е околу еден час.

Ако може да се направи споредба со оние што викендот го поминаа на Водно и Матка би можеле да заклучиме дека граѓаните што ја посетија планината Водно се со повисок степен на свесност за природата и околината од оние кои што ја одбраа Матка.

Токму затоа на Матка можеа да се забележат преполни канти и ѓубре насекаде. Ужасно е тоа што и се случува на оваа природна убавина, покрај фактот што Кањонот Матка ќе биде прогласен за споменик на природата. Неодамна на владина седница беше усвоен Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата. Што подразбира ова и дали нешто ќе промени во однос на санкционирање на несовесните граѓани како и поставување чуварски служби за заштита, ќе видиме понатаму.

Преполни канти и ѓубре на Матка

Можеби и Туристичкото информативно биро ќе биде ставено во функција со оглед на огромниот број туристи и посетители кои гравитираат на ова место.

Туристичкото биро на Матка не работи

Водно е избор на сите генерации. Млади, повозрасни, друштва, брачни парови со мали деца можеа да се забележат на падините на Водно.

Она што не изненанди на Матка беа младите излетници со скара и со сите реквизити како некогаш кога масовно се одеше на излет.

Млади на пикник

Кајакарите беа тука, обидувајќи се да ги совладаат брзаците и дивата вода.

 

Во Градскиот парк децата беа најчестите посетители каде уживаа во прошетки рекреирање со семејството или со пријателите и друштвото.

Скопје нуди голем број можности за интересни викенд прошетки и необични доживувања. Доволно е да го сакате Градот, за да уживате во него!

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Герасимовски: Сајбер булингот е „злото“ на новото време, клучно е домашното воспитување

Сајбер булингот е „злото“ на новото време кое бара сериозен пристап од...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Арсовска со навреди кон деканот на градежниот факултет: Тоа е оној кој од дома по пижами даваше дијагностика за мостот Беласица

Во интерјву за емисијата 360 степени градоначалничката на Скопје упати навреди кон...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Нова механизација за ЈКП „Гази Баба“ и изградба на спортски центар во Хиподром

Општина Гази Баба промовираше два нови проекти со вкупна инвестициска вредност од...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во скопската Зоолошка се одбележа Светскиот ден на нилскиот коњ

Вчера по повод Светскиот ден на нилскиот коњ, пред живеалиштето на Буцо...