ИНФО

Казнети 215 скопски возачи оти брзо возеле, немале возачка или зборувале на мобилен

Од Секторот за внатрешни работи – Скопје информираат дека вчера во главниот град се изречени вкупно 215 казни.

Од изречените мерки, 74 се за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Осум мерки се изречени за користење мобилен телефон при возење, а 13 санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии – затемнети стакла, известуваат од МВР.

Од ресорното министерство посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, а апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во...

ИНФО

Нови клупи, зимзелени дрва и лед осветлување во паркот во Радишани

Oпштина Бутел изврши реконструкција на паркот во ТЦ Радишани. „По 25 години...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 249 возачи, 71 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 249 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...