АКТУЕЛНО

Има ли НАДЕЖ за врбата „надеж“?

Од Град Скопје не одговараат што и дали воопшто ќе преземат нешто за спас на врбата „надеж“, која заедно со другите две дрва се платени околу 300.000 евра. 

Една од трите врби во реката Вардар, осум месеци стои искршена и навалена и секој момент може целосно да се уништи. Врбата наречена „надеж“, вредна околу 100.000 евра беше делумно уништена минатата година, во август, кога Скопје беше погодено од невреме. Оттогаш, до денес никој не презема ништо да ја заштити, односно да го спаси дрвото од комплетно кршење и сушење.

Од Град Скопје не одговараат што и дали воопшто ќе преземат нешто за спас на врбата „надеж“, чии гранки спуштени до водите на Вардар во моментов собираат кеси и друго ѓубре што плови по реката.

Трите врби во Вардар ги носат имињата „вера“, „надеж“ и „љубов“ и за нив граѓаните платија околу 300.000 евра.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...