ИНФО

Центар ќе дава субвенции за електрични велосипеди и тротинети

Општина Центар денес распиша јавен повик за доделување субвенции на жителите, за купување нови велосипеди, како и електрични тротинети и велосипеди. Можноста за аплицирање ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во општинскиот буџет.

Предвидено е во рамките на проектот “Цел Центар на точак”, центарци да добиваат 30% од цената што ја платиле за  купување нов велосипед или електричен тротинет и велосипед, со максимален надоместок од 3.000 денари.

Право да добие субвенција има секој полнолетен жител на Општина Центар, што ќе купи ваков вид превозно средство, а потребно е да ги достави следниве документи:

  • Барање за субвенција за купување на нов велосипед, е-велосипед и е-торитинет (достапно е во Архивата на Општина Центар – барака бр.6) и на веб страната на општината;
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општината – барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денес. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во...

ИНФО

Нови клупи, зимзелени дрва и лед осветлување во паркот во Радишани

Oпштина Бутел изврши реконструкција на паркот во ТЦ Радишани. „По 25 години...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 249 возачи, 71 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 249 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...