МОЕ ЗДРАВЈЕ

ПОМЕСТУВАЊЕ НА ЧАСОВНИКОТ: Како тоа влијае на психата и расположението?

Поместувањето на часовникот не ни носи подолг ден, туку го „менува“ времето на изгрејсонце и зајдисонце, а тоа може да влијае на промените во нашиот внатрешен часовник, попознат како деноноќен ритам.

Летното сметање на времето секако има и добри страни – телевизија се гледа се поретко, а луѓето поминуваат повеќе време во природа, трчаат, пешачат или спортуваат, покажало едно американско истражување. Нашиот ден трае подолго, така што луѓето можат повеќе да бидат на отворено и да уживаат во благодатите на свежиот воздух и сончевата светлина.

Сè што е наведено е точно, но што ако мнозинството од населението е во своите куќи и нема можност да излезе на свеж воздух или сонце? Како можеме да помогнеме во ублажување на симптомите?

СЕЗОНСКА ДЕПРЕСИЈА

Дали некогаш сте слушнале за сезонска депресија? Луѓето кои патат од сезонско афективно растројство честопати доживуваат и непријатни симптоми кога часовникот се менува и нè воведува во долга, мрачна и студена зима, а денес се верува дека промената на часовниците што се случува во пролет може да доведе до промена на расположението. Иако не постојат конкретни причини за ова нарушување, студиите потврдуваат дека одредени фактори можат да придонесат за лошо, депресивно расположение, истакна Кети Камкар, клинички психолог од Торонто.

„На пример, поместувањето на часовникот може да влијае на нашиот биолошки, внатрешен часовник кој има силно влијание врз распоредот на спиење и будење. Секое мешање во вашиот деноноќен ритам може да влијае и на менталното здравје“, додава тој.

Вообичаено е верувањето дека промената на часовникот во пролет има повеќе негативно влијание врз поединецот отколку онаа во зима, кога депресијата полесно ќе се појави поради недостаток на дневна светлина. Но, во овој случај се губи еден час сон, што може да влијае на расположението и заморот.

Некои студии покажаа и зголемен број на сообраќајни несреќи во деновите по поместувањето на часовникот напред, што најверојатно е предизвикано од уморни и ненаспани возачи. Студијата спроведена во 2008 година, објавена во списанието Физиологија, укажува дека деноноќниот ритам на една личност е нарушен и во двата случаи. Луѓето кои се држат до своите строги распореди за спиење, што го препорачуваат експертите за оптимален одмор, губењето на еден час сон може да предизвика проблеми, барем во првите неколку дена.

ПРЕДИЗВИКУВАЧИ НА ДЕПРЕСИЈА

Менувањето на часовниците може да влијае на менталното здравје, вклучувајќи биполарно растројство и сезонска депресија.

Едно данско истражување покажало дека појавата на депресија се зголемува за 11 отсто, а симптомите исчезнуваат за неколку недели. Австралиско истражување покажа дека има зголемување на самоубиствата во деновите по промената на часовникот поврзано со летното и зимското сметање на времето.

Недостаток на сон

За некои луѓе оваа промена ќе биде само привремена непријатност, а за некои може да има многу понепријатни последици. Шведската студија покажа дека ризикот од срцев удар се зголемува во првите три недели по промената на времето во пролет.

Во првиот понеделник по промената се зголемува бројот на сообраќајни несреќи поради замор. Истиот понеделник е забележан пораст на повреди на работното место.

СОВЕТИ ЗА БЕЗБОЛЕН ПРЕМИН НА НОВОТО ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Заморот може да ја зголеми непродуктивноста, концентрацијата и општата благосостојба на телото. Обидете се со овие совети:

  • Неколку дена пред промената, прилагодете се со помош на аларм
  • Јадете здрава храна наутро за да добиете повеќе енергија
  • Одете на прошетки и изложувајте се на сонце колку што е можно повеќе.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Намалете го ризикот од болести преку диета

Сите знаеме дека храната влијае на нашето здравје и квалитетот на животот,...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Ново истражување: Откриена причината за утринска мигрена

Гласната музика, светлите екрани, силните парфеми и силните светла можат да предизвикаат...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Холанѓанец собори Гинисов рекорд како пациент кој речиси 40 години живее со донирано срце

Берт Јенсен (57) од Холандија речиси 40 години живее со донирано срце...