ИНФО

Жителите на Аеродром по втор пат ќе и даваат идеи на општината

Денеска во просториите на ОУ ˶Лазо Ангеловски”  во општина Аеродром со почеток во 18.00 часот ќе се одржи втората форумска сесија.

Денеска во просториите на ОУ ˶Лазо Ангеловски”  во општина Аеродром со почеток во 18.00 часот ќе се одржи втората форумска сесија од циклусот на Форуми во заедницата која Општината ќе ги реализира во периодот на месец март и април.

На оваа сесија ќе се презентираат неколку развиени предлог концепти на приоретизирани проекти од областа на образованието. Форумскиот процес е отворен за сите граѓани кои преку активно учество со своите идеи и донесување одлуки ќе бидат дел од реализација на минимум 1, а максимум 3 проекти во износ од 2,887,802 денари.

Целта е да се зголеми учеството на локалното население во процесот на креирање на политиките на локалната заедница и реализација на конкретните проекти кои ќе произлезат од форумските дискусии и дебати, велат од локалната самоуправа на Аеродром.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...