ПРИКАЗНИ

ЌЕ СЕ ВРАТИ ЛИ СЈАЈОТ НА ИЗЛЕТНИЧКОТО МЕСТО САРАЈ?

Од општина Сарај дека сега е во план ревитализација на базенот, а за целиот рекреативен центар немаат конкретни планови.

Меѓу омилените места за излети на скопјани порано било излетничкото место Сарај. Наместо скапите семејни ручеци во елитни ресторани, скопајни се собирале со семејството и друштвото во природа, подготвувајќи најчесто скара, играјќи карти, табла или шах, свирејќи гитара. Тогашните скопјани го уживале и прославувале животот, немајќи никаква потреба да покажуваат статус или моќ, туку едноставно потреба од убаво друштво на убаво место.

Фото: Фејсбук

Еден од спомените на скопјани со кои тие се врзуваат доста сентиментално се нивните викенди и излетите за први мај и втори август. Порано и да немало викенд, празник кога ова излетничко место не се посетувало. Тука, каде се сретнуваат двете реки: Треска и Вардар и каде природата е неописливо убава е всушност место со долга традиција.

Името сарај доаѓа од турскиот збор сарај што значи дворец, палата. На ова место првите сараи биле изградени од познатиот Мустафа паша, градителот на Мустафа пашината џамија во Скопје. Имотот во Сарај, каде тој изградил палата припаѓале на неговата сопруга која била царска ќерка или принцеза од лозата на султан Сулејман Величенствениот.

До Сарај, порано се стигнувало со вовчето Ќиро. Патувањето до него со малото вовче било доживување коешто се носело до крајот на животот. Од почетната станица на вовчето во Градскиот парк  до последната кај Сарај.

Фото: Фејсбук

Сјајот на ова излетничко место почна да гасне некаде околу деведесетите години на минатиот век. Граѓаните почнаа полека да се оттуѓуваат од ова место кое беше срцето на излетничко Скопје.

Денес во Сарај се запустени тревниците, чешмите, плажите на реката Треска, фудбалскиот стадион и трибините, тениските игралишта,алеите со цвеќиња, клупите.

Информацијата за обнова на базенот во Сарај влева надеж дека овој комплекс можеби пак ќе оживее и со тоа Сарај ќе се врати на скопјани и скопјани ќе му се вратат на Сарај. Базенот во моментов е во катастрофална состојба бидејќи не се користи повеќе од 30 години. Со владина одлука, базенот повторно поминува во надлежност на општината. Оттаму велат дека се надеваат сезонава да се пушти во употреба, а на прашањето дали се планира да се ревитализира останатиот дел од паркот, одговорните велат дека сега засега немаат конкретни планови.

БАЗЕНОТ ВО САРАЈ – Некогаш и денес

Скопјани со радост се сеќаваат на овој базен за кој велат дека бил нивно омилено место, покрај т.н. Кривина на Треска која била во непосредна близина на базенот. Оние што немале пари за карта за на базен се капеле на „Кривина.“

Историјата на Скопје е долга и мора да се раскажува и прераскажува за да можат новите генерации да научат за животот некогаш. Тие не можат да живеат од старите спомени, но можат да се научат на многу вредности од нив.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ПРИКАЗНИ

ЗЕЛЕНИОТ ДИЈАМАНТ НА СКОПЈЕ: Како кралската градина стана Градски парк

Градскиот парк во Скопје е волшебна оаза сместена во срцето на главниот...

ПРИКАЗНИ

Луѓето порано се срамеа ако имаа нечисти чевли!

Сакип Севхеров од Шуто Оризари е меѓу најстарите чистачи на чевли во...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

ПРИКАЗНИ

Што може да посетите во Скопје оваа зима

Директните летови за Скопје почнуваат на 18 декември. Одбравме осум работи што...