СКОПСКИ ВЕСТИСЦЕНА

ШТО НУДИ КУЛТУРНИОТ ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

Во Драмски театар вечерва (17.03) претпремиера на Емигранти во режија на Зоја Бузалковска во 20ч, a утревечер (18.03) премиера на Емигранти, исто со почеток од 20ч. Цена на билет 300 денари.

Во МНТ на 17.03 на репертоар Народен непријател со почеток од 20:00. Утревечер со почеток од 20:00 игра претставата Горчливите солзи на Петра Фон Кант. Билетот чини 500 денари, меѓутоа цената на избраното седиште може да се разликува од избраната цена на билетот.

Во Театар за деца и младинци вечерва (17.03) со почеток од 19ч претставата Тоби. Се препорачува за деца над 4 години. На 18.03 на репертоар Малата сирена за деца над 5 години. Влезницата чини 200 денари.

Од областа на музиката ќе се одржат различни настани.

Во Буква вечерва Строг пост со почеток од 21:00 ч.

СТРОГ ПОСТ e новата музичка констелација на Филип Букршлиев (гитара), Дени Омерагиќ (бас) и Кристијан Новковски (тапани) –
познати по својата работа во бендови како Светлост, Палиндром, Fighting Windmills, Taxi Consilium…

Овој концерт ќе биде прва јавна презентација на целосниот материјал кој ќе се најде на нивниот деби албум, сниман пред неколку недели. Што би се рекло, ќе имаме можност да ги чуеме во фантастична форма.

Во Котур вечерва (17.03) со почеток од 21:00 еклектично музичко патување низ светот на Норм и Андреј Мицајков.

Новиот албум на музичката група ИСКРА со промоција оваа сабота во МКЦ Бифе со почеток од 19ч. По повод 25 години јубилеј, музичката група ЕЛЕМЕНТАЛ со концерт во сабота во МКЦ, сала 25 мај со почеток од 21ч.

Во Бруталиск вечерва диџеј сет на Дарко Марковски а утревечер на Ивана Драгшиќ. Журките почнуваат во 21ч.

Мирослав Илиќ, по повод 50 години кариера, во арена Борис Трајковски утревечер (18.03) ќе одржи концерт со почеток од 21ч.

За љубителите на изложбите, информации за неколку изложби во тек.

Две одлични изложби на едно место, со дела од колекцијата на Националната галерија.
Во објектот Чифте амам во Старата скопска чаршија, можете да погледнете истовремено, две одлични изложби „Париски рефлексии 2“ и „Мајчинство“. Влезницата чини 100 денари.

Во Музеј на МСУ  во тек се две изложби. Од 09.03 е поставена изложбата Пејзаж на вознемиреност и ќе трае до 06 април. Во годината кога се одбележуваат 60 години од скопскиот земјотрес, Музејот на современата уметност Скопје цел месец март го претставува делото на Петар Лубарда, најзначајниот црногорски уметник и еден од влијателните сликари на територијата на поранешна Југославија во децениите по Втората Светска Војна. Влезницата чини 60 денари.

Во Археолошкиот музеј од минатата недела е поставена изложбата “Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион.” Изложбата може да се посети до крајот на април, 2023 година. Влезницата чини 50 денари.

На 17 март (петок) со почеток во 20 ч. во галеријата на Кинотека ќе биде отворена изложбата Mobile phone art на Душан Ристовски.

Со mobile phone art започнал пред шест години, чепкајќи по програми за преработка на фотографии на мобилен. Од програми користи Рhotogrid, Тoolwiz Photos Рro, Мirror Lab Рro.

Изложбата ќе биде отворена до 2. април годинава.

Во Филхармонија (Концертна сала) на 18.03 со почеток од 12ч концерт за деца ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА НАРЕЧЕНА ЗЕМЈА. Цена на билет 200 денари.

Доколку пак ве интересира иднината, во Јавна соба имате можност да си закажете гледање на тарот карти.

 

Од останатите содржини викендов во Јавна соба, издвојуваме три детски работилници и една претстава за деца.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Кратки Македонски Филмови во Кинотека

Денес со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат...

СЦЕНА

„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода...

СЦЕНА

Изложба на светски познатата медалистка Надја Розева во Чифте Амам

Во тек се последните подготовки за отворањето на самостојната изложба „Медална скулптура“...