СЦЕНА

НОВА ИЗЛОЖБА ВО МКЦ: „Скопје: нови индустрии на стари локации“.

Во петок, 17.3.2023 година со почеток во 20:00 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се отвори архитектонската изложба насловена „Скопје: нови индустрии на стари локации“.

Архитектонската изложба „Скопје: нови индустрии на стари локации“ е резултат на едногодишен научноистражувачки проект насочен кон мапирање, проучување, вреднување и промоција на напуштениот индустриски простор, како можност за иден економски, просторен и програмски развој на градот Скопје. Проектот го истражува и претставува процесот на ре-индустријализација во градот Скопје, кој иако има позитивна улога во регенерацијата и рационалното искористување на урбаниот простор, се случува во сенка на процесите на деиндустријализација и пренамена на индустриските локации за други неиндустриски намени кои имаат многу повидливо влијание на просторот. Целта на проектот е да го афирмира пристапот на обнова и повторно користење на овие локации за нови производни незагадувачки индустрии, во прилог на јавното добро и во корист на жителите на градот Скопје.

Вo рамки на истражувањето, преку набљудување и анкетирање собрани се појдовни информации за 163 поединечни индустриски локации оформени во социјалистичкиот период и направено е расчленување и класифицирање на истражените локации според основните процеси: (1.) деиндустријализација, (2.) пренамена и (3.) обнова, кои влијаат на трансформацијата на локациите во постсоцијалистичкиот период. Резултатите од истражувањето се претставени преку три тематски мапи на градот Скопје, како и преку три подетално проучени и претставени студии на случај: поранешни објекти на Тутунскиот комбинат Скопје, објектот на поранешното транспортно претпријатие Пролетер и поранешната фабрика за кожа и кожни производи Годел.

Учесници во научноистражувачкиот проект се: вонр. проф. д-р Горан Мицковски, раководител на проектот, вонр. проф. д-р Ана Ивановска Дескова, вонр. проф. д-р Јован Ивановски, асс. м-р Димитар Крстески, асс. м-р Теа Дамјановска, асс. м-р Mихајло Стојановски и Мила Гавриловска. Научноистражувачкиот проект е финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во реализација на Архитектонскиот факултет.

Изложбата ќе трае до 30 март, 2023 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...