МАГАЗИН

НАЈЕВТИН ГРАД ВО ЕВРОПА: Пивото чини помалку од 2 евра, влезот во музеите е бесплатен

Оваа европска дестинација не е сместена во студени, пасивни подрачја, не е ниту во нашето соседство, но затоа вреди да се посети. И, не само поради убавината и богатото културно наследство, туку и поради тоа што од неа ќе се вратите со полни џебови.

Гранада е најевтината „сити брејк“ дестинација во Европа. Се наоѓа јужно од Шпанија и претставува една од навистина најпристапните дестинации за патниците. Врз основа на истражување кое го спровела страницата „Омнио“, Гранада се нашла на врвот на листата за патници со ограничен буџет.

Цената е значаен фактор за поголем дел од потенцијалните туристи. Страницата „Омнио“ рангирала 100 најпопуларни дестинации за патување во Белгија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија и Шпанија.

Градовите биле рангирани врз основа на бројот на бесплатни атракции, пристапност на локален превоз, цена на храна и пијалаци. Гранада има многу бесплатни активности, поточно 112. Тоа вклучува и посета на 10 бесплатни музеи.

Обиколка на градот во просек чини 6 евра, а пивото во поголем дел од баровите не е поскапо од 2 евра, наведува „Euronews“. Освен тоа, Гранада има 1011 бесплатни Wi-Fi точки и 143 јавни фонтани. Редовната автобуска карта е една од најевтините во Европа и изнесува 1,40 евра. Тврдината Алхамбра е главната точка во Гранада. Спектакуларната тврдина е неверојатно изградена како ѕидана цитадела, а потоа станала луксузна резиденција на Насридскиот емир.

Уште една од најважните историски атракции во Гранада е катедралата, импозантната градежна структура со готски, ренесансни и барокни елементи на архитектура чие градење траело повеќе од 180 години. Гранада неодамна била поврзана со поголем дел градови во Шпанија со нов и брз воз. Патниците можат да тргнат од Мадрид и да стигнат во овој андалузиски град за три часа или четири часа од Севилја.

Инаку Гранада е главен град на покраината Гранада во автономната Андалузија во јужна Шпанија. Исто така се подразбира дека е некогашна маварско кралство, Таифе Гранада.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина

Американската технолошка корпорација „Епл“ (Apple), на барање на кинеските власти, ги отстрани...

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...