ИНФО

Бесплатни ортопедски прегледи за децата од основното училиште „ Ѓорѓија Пулевски‘‘

„ Целта на Проектот е рано откривање на деформитетите и упатување на децата на понатамошно лекување, доколку е потребно, со цел да се спречат посериозни здравствени проблеми.‘‘д-р Александар Трајановски.

Универзитетската клиника за ортопедски болести заедно со ООУ ,,Ѓорѓија Пулевски’’ од Oпштина Аеродром пред два дена почна со реализација на пилот проект за превентивни ортопедски прегледи на деца од училиштна возраст.

„ Целта на Проектот е рано откривање на деформитетите и упатување на децата на понатамошно лекување, доколку е потребно, со цел да се спречат посериозни здравствени проблеми. Децата кај кои се воочени деформитети ќе бидат упатени понатаму на дополнителни испитувања на Клиниката за ортопедија‘‘ изјави д-р Александар Трајановски.

На сите деца кои беа прегледани им беше поделен противен материјал со вежби за правилно држење, како и информација за нивната здравствена состојба.

Од Клиниката за ортопедски болести информираат дека акцијата која продолжува и во наредните недели ќе ги опфати сите деца до 10-годишна возраст.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

РАБОТА НА МРЕЖА: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со слаб ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од...

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...