ИНФО

Студентите и средношколците утре заедно на протест

Од студентското движење велат дека крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица.

„Студентски Отпор“ се приклучува кон протестот на средношколците, што ќе се одржи утре од 12.30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН).

Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме: Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка; Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк; Неодговарање на апликациите за студентски оброк; Доцнење на исплата на стипендиите на студентите; Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови; Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови; Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови; Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе“, велат „Студентски Отпор“ .
Крајно време е, велат од движењето, студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите.

Најавуваат дека масовно ќе се приклучат кон протестот заедно со средношколците и подготвени се правдата да ја бараат со искажување на нивниот став преку масовни студентски демонстрации.

Претходно, организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) го најави протестот на Фејсбук.

„Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард (државна матура, субвенциониран студентски оброк и слично), ги покануваме студентите да се придружат на протестот во петок од 12.30 часот пред МОН за заедно да издејствуваме подобрување во образовниот систем. Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, се соочивме со голем број предизвици за кои вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните“, најавија од ОДАС.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 137 возачи, 43 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера на територија на град Скопје изрече 137 казни за...

ИНФО

Жичницата на Водно денес нема да работи поради технички зафати

Жичницата на Водно денес нема да работи поради предвидени технички зафати, информира...

ИНФО

Казнети 151 возач во Скопје, 13 возеле без возачка

На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 казна, меѓу кои...