МАГАЗИН

ЕКСПЕРТИТЕ СЕ СОГЛАСУВААТ: Ова е официјално најстресниот период од денот!

Студија спроведена неодамна во Лондон на две илјади возрасни лица укажала на тоа дека жените се соочуваат со стресот во текот на денот во просек речиси еден час порано од мажите.

Утринските стресори со кои возрасните жонглираат додека се обидуваат да го започнат денот се покажале како најпогубни за нашите забрзани животи.

Студија спроведена во Лондон на две илјади возрасни лица покажала дека најстресното време од денот започнува во 7:23 часот. Жените со првата пречка се среќаваат во просек во 7:50 часот, а мажите речиси еден час подоцна, во 8:43 часот.

Она што особено влијае на утринската вознемиреност е помислата, а често и фактот дека веќе на почетокот на денот ни се чини дека немаме доволно време да завршиме се навреме. Сообраќајниот метеж и тешкотиите при наоѓање паркинг места се само точка на утрото што ни започнува прерано, во кое треба да подготвиме хранливо избалансиран појадок за семејството, да се погрижиме децата навреме да стигнат во градинк и училиште, а неретко се присутни и ситни инциденти како истурање кафе по веќе избраната облека или заборавање на клучевите. Додека се справуваме со сето тоа размислуваме за сите неодговорени мејлови, состаноци и други работни обврски кои нè очекуваат, несвесно ширум му ја отвораме вратата на стресот.

Она што дополнително ја влошува личната дневна прогноза е дека утринските драми често влијаат на продуктивноста во текот на денот. Студијата објавена во „The Journals of Gerontology“покажала дека кога утрото го започнуваме веќе верувајќи дека денот ќе биде стресен, тоа станува самоисполнувачко пророштво – често се чувствуваме лошо цел ден, дури и ако навистина не се случи ништо вознемирувачко. Покрај тоа, истражувачите открија дека нашиот утрински начин на размислување во голема мера влијае на работите како нашиот фокус, меморија и креативност во текот на денот.

Како да се справите со токсичната работна средина?

Штом ќе станете свесни за каков тип на стрес се справувате, ќе можете да започнете да преземате чекори за да ја олесните вашата анксиозност со овие совети за управување со стресот. Еве зошто експертите велат дека треба да ги успорите вашите утра – и како да го направите тоа во три лесни чекори.

За да ги направите вашите утра малку поподносливи, обидете се да направите неколку работи навечер, без разлика дали тоа значи да ја подготвите облеката и работната торба пред спиење или да го исклучите телевизорот порано за да спиете малку повеќе.

НЕ посегнувајте по екранот прво наутро

„Тоа е навистина еден од најдобрите начини да ја промените вашата утринска рутина“, вели Брук МекАлари, автор на Slow: Simple Living for a Frantic World и домаќин на наградуваниот подкаст The Slow Home. „Ако прво се нурнеме во е-поштата, социјалните медиуми, вестите и известувањата, ја одземаме можноста да уживаме во почетокот на денот, само што почнуваме да реагираме“. Наместо тоа, поминете една минута лежејќи во кревет и земете неколку длабоки вдишувања. „Обратете внимание на тоа како се чувствувате, на мислите што доаѓаат и си одат, а потоа одете на вашето утро – веројатно ќе откриете дека имате повеќе време!“, вели таа.

Додадете мали  моменти за грижа за себе во вашето утро

Одвојте момент да направите нешто убаво само за себе наутро. „Може да биде многу мало, како да се истегнувате додека правите појадок или да дозволите сончевата светлина да ви падне на лицето додека чекате автобус“, советува МекАлари. Или можете да си дадете пет минути мир и да ја третирате првата шолја кафе како дневен ритуал. Изберете чаша што ви се допаѓа, вдишете длабоко и помирисајте го кафето додека се вари, почувствувајте ја топлината на шолјата во вашите раце и искористете ги тие неколку среќни минути како отскочна даска за да го започнете денот.

Кога ќе се разбудите, веднаш излезете надвор, здравствените придобивки се многубројни!

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...

МАГАЗИН

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на...