ИНФО

Продолжен рокот за закажување на бесплатни стоматолошки услуги за пензионери

На барање на пензионерите се продолжува терминот за закажување бесплатни стоматолошки услуги кои Општина Центар неодамна ги воведе во соработка со Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

На барање на пензионерите се продолжува терминот за закажување бесплатни стоматолошки услуги кои Општина Центар неодамна ги воведе во соработка со Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Пензионерите, како што соопшти Општина Центар, ќе може да закажуваат термини за бесплатни стоматолошки прегледи на телефонскиот број 071/223 320 секој работен ден од 8 до 14 часот. На овие стоматолошки прегледи пензионерите ќе добијат нов датум кога бидат извршени бесплатните стоматолошки услуги во зависност од потребата на корисникот.

Бесплатните стоматолошки услуги Општина Центар ги спроведува во рамки на проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“. Општината со воведување на бесплатните стоматолошки прегледи за пензионерите воведе и бесплатни стоматолошки услуги за децата од градинките кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, а дополнително овие услуги ги користат и учениците од социјално загрозени семејства од сите основни училишта во Општината.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 154 возачи, 25 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 154 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...

ИНФО

Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети подрачното основно училиште „Гоце...

ИНФО

Во февруари хуманиот третман го поминале 130 кучиња

Jавното претпријатие „Лајка“ известува дека во месец февруари, хуманиот третман го поминале...

ИНФО

Нови клупи, зимзелени дрва и лед осветлување во паркот во Радишани

Oпштина Бутел изврши реконструкција на паркот во ТЦ Радишани. „По 25 години...