ИНФО

ОПШТИНА БУТЕЛ: Почна реконструкција на улицата Александар Урдаревски

Денеска почнува реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ во населба Бутел. Улицата ќе се прави на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до улица „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта „Бутел“ потег кој завршува до ул. „Нов Живот“.
Според ЈП Улици и патишта., првата фаза пред почетокот на градежните работи е расчистување на просторот од двете страни на коловозот од отпад и грмушки околу трасата, со цел да се обезбедат услови за понатамошните активности, а во текот на наредните денови ќе започнат и со отстранување на старата и оштетена коцка на улицата (макадамски пат од гранитна коцка).
Со започнувањето на градежните активности кои ќе се одвиваат етапно, прво на едната коловозна лента, а потоа на другата, во текот на наредните денови ќе биде воведен и времен режим на сообраќај кој ќе важи до завршување на градежните работи.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Петок е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за...

ИНФО

159 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска...

ИНФО

Промоција на првите броеви на меѓународното научно списание „Балкански хип-хоп студии“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер ќе бидат промовирани првите два...

ИНФО

Издадени 23 одобренија за градба, од јуни заклучно со ноември

Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените...