АКТУЕЛНО

ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ПОТРОШУВАЧИТЕ: Најголем проблем на потрошувачите се неквалитетни производи, нивно сервисирање и онлајн купувањето

Кај онлајн продажбата, е многу важно да можеме да направиме динстинкција помеѓу легална и нелегална продажба.

Секоја година 15. март се одбележува како Светски ден на правата на потрошувачите. Оваа година темата е  „Зајакнување на потрошувачите преку транзиции за чиста енергија“. За тоа колку граѓаните ги знаат своите права како потрошувачи, на што најмногу имаат поплаки и што значи колективно купување разговаравме со Мартина Грнчаревска од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Дали и колку се запознаени потрошувачите со нивните права? Дали тие се најчесто во право или можеби не се доволно запознаени со нивните права?

ГРНЧАРЕВСКА: Од секојдневните поплаки кошто се добиваат во нашето советувалиште во Град Скопје, може да се увиди дека потрошувачите  делумно ги познаваат своите потрошувачки права и од таа причина најчесто им се повредени од страна на трговците. Ние како Организација на потршувачи секојдневно се трудиме да ги едуцираме потрошувачите преку советување, медиуми, објавување и промоции на едукативни материјали( брошури, лифлети, прирачници и сл) на нашата веб страна и социјаланите медиуми, со цел да  бидеме поблиску до потрошувачот и да допринесеме за тоа да се зголеми свесноста кај потрошувачите за нивните права. Секако потребно е и бизнис заедницата повеќе да обврне внимание токму на тој сегмент за заштита на потрошувачите и при нудење на нивните продажни услуги во преден план да ги стават токму потрошувачките права.

Која е темата на годинешниот ден на потрошувачи?

ГРНЧАРЕВСКА: Зајакнување на потрошувачите преку транзиции за чиста енергија.

Што означува кампањата за колективно купување?

ГРНЧАРЕВСКА: При колективното купување, заинтересираните поединечни потрошувачи кои имаат ист интерес се здружуваат и создаваат силна преговарачка позиција во однос на добавувачите, па затоа ги охрабруваме да ја дадат најдобрата понуда за здружените потрошувачи. Колку повеќе потрошувачи се здружуваат, толку е поголема нашата моќ.  Учеството во колективното купување е достапно за сите потрошувачи, а воедно тоа е бесплатно и необврзувачко. Кампањата има за цел да обезбеди понуда на високо квалитетни инвертер клима уреди за потрошувачите по поволно услови и да ги едуцира повеќе за енергетската ефикасност.

Од која дејност се најголемиот број поплаки во однос на потрошувачката?

ГРНЧАРЕВСКА: Потрошувачките права се повредуваат речиси скоро во секој домен, но најголеми проблеми со кои се соочуваат потрошувачите се проблемите  со производите ( проблеми со гаранција и сервисирање, враќање на производ, неквалитетни производи), онлајн купувањето( купување од нелегални продавници  на социјалните мрежи и неможност за заштита на правата), проблеми со услугите кои ги нудат јавните претпријатија ( високи сметки за електрична енергија, вода, комунални услуги, неквалитет на телекомуникациските услуги ) и сл.

Колку има влијание дигиталната технологија врз потрошувачката?

ГРНЧАРЕВСКА: Развојот на дигиталната технологија, овозможи и забрзан раст на онлајн продажбата, а со тоа и зголемување на потрошувачката, бидејќи потрошувачите покрај традиционалниот начин на купување започнаа и драстично да го користат дигиталниот простор, односно онлајн купувањето.

Најголемите измами се случуваат во тие т.н. интернет продавници? Кој може да ги санкционира и контролира?

ГРНЧАРЕВСКА: Бидејќи кај нас не се конкретно регулирани овие нелегални продажби на социјалните мрежи, за разлика од легалните оналјн продажби, нема механизам со кој би се спречиле некои лица да правата профили на социјалните мрежи и да продаваат производи, скриени зад некој лажен профил или назив на некој онлајн шоп. Од таа причина потрошувачите се тие коишто треба да внимаваат при купувањето од социјалните мрежи, бидејќи измамата од овие фиктивни продавачи е голема и понатаму имаат потешкотии за заштита на своите права. Во случај да им бидат злоупотребени нивните лични податоци, банкарски картички и сл, ќе треба веднаш да пријавата во Министерството за внатрешни работи-Сектор за компјутерски криминал и Агенција за заштита на личните податоци.

На што да водат сметка додека купуваат преку интернет?

ГРНЧАРЕВСКА: Кај  онлајн продажбата, е многу важно да можеме да направиме динстинкција помеѓу легална и нелегална продажба. Најчесто кај продажбата којашто е пред се застапена на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм ), потрошувачите се соочуваат со голем број на измами. Продажбите на социјaлните мрежи, коишто не се регистрирани фирми, немаат регистрирано седиште, не даваат можност за плаќање преку трансакција или сметка во банка и не издаваат фискална сметка/фактура, гарантен лист и друга техничка документација за одреден технички производ или бела техника се класични онлајн измами, во кој потрошувачот е вообичаено и најчесто оштетената страна.

При онлајн купувањето, особено доколку станува збор за купување од социјалните мрежи

е потребно како поторшувачи однапред да утврдат и истражат дали таа продавница  е регистрирана фирма, дали има седиште, физичка продавница или пак е регистрирана онлајн продавница, дали продавачот нуди можност за плаќање преку трансакција, преку уплатница во банка и за нарачката им испраќа валидна потврда на меил, дали при испорака на производот им доставува фискална сметка/ фактура или сметко-потврда ( доколку не им достави, немаат обврска да го подигнат производот) и секако да не потпаѓаат под заведувачкото пазарно рекламирање на  онлајн продавачите на социјалните мрежи ( попуст само ден, акција  на производи кои се копија од некој актуелен бренд, гратис производи и сл.). При онлајн продажбата да не даваат премногу лични податоци на трговците, доколку им се сомнителни и секогаш да ги проверуваат сметките или извештаите од банка по извршено плаќање.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...