ПРИКАЗНИ

БЕИРА САЛИФОСКА – Прв студент со дипломска напишана на Брајово писмо

„Решив да се запишам на факултет бидејќи првично сакав да се надградам себеси, да научам нешто повеќе, а притоа сакав да станам стручен едукатор за да можам да им помогнам на други лица со оштетен вид со моето лично искуство, со цел да им се подобри животот.‘‘

Првата дипломска работа изработена на Брајово писмо во историјата во Македонија ја испиша Беира Салифоска. Таа  дипломира на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет при УКИМ, а темата на нејзината дипломска била „Предизвиците на лицата со оштетен вид за време на пандемијата на Ковид-19“.

„Знаев приближно што сакам. Имав неколку теми на ум, но сепак се одлучив за ‘Предизвиците за лицата со оштетен вид за време на пандемијата’, бидејќи и јас бев една од тие лица што се соочуваа со тие предизвици. Тука спаѓаат контакти со заразени лица, излолации и слично и бидејќи живеев сама, сакав да истражам како тие лица се соочуваат со овие проблеми‘‘, вели Салифовска.

По завршувањето на средното образование, таа веднаш се вработила во Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, каде што работи веќе 15 години. Дури по седум години од матурирањето таа се одлучила за упис на факултет, и тоа на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет.

„Се запишав на факултет пет минути пред затворањето на уписниот рок. Тогаш немаше приемен, туку со државната матура си влегов. На факултет се запишав подоцна, на 25-годишна возраст‘‘ , кажува Салифовска и додава:

„Речиси четири месеци ја подготвував дипломската. Имаше период кога се мислев да се откажам, дали да ја правам или не, но асистентот и менторот ми даваа поддршка и успеав да ја довршам. Засега има само еден примерок со Брајово писмо, но се надевам дека понатаму ќе има повеќе.‘‘

„ Не е целта да се запишеме на факултет само колку да се заврши. Јас можеби сакам да бидам и авијатичар, но едноставно попреченоста не го дозволува тоа. Треба да знаеш што можеш и каде можеш.‘‘  Цел живот бев навикната на Брајово писмо, но на факултет немавме материјали за тоа. Не можев да се навикнам да слушам така лекции. На 10-тата страница од аудиолекцијата веќе сум заспала.‘‘ 

Беира не се откажува од својата цел во животот. Нејзината визија е да заврши обука за ориентација и мобилност и со тоа да биде лиценциран учител за лица со оштетен вид на движење во просторот. Таа смета дека со тоа ќе ги поттикне сите лица со оштетен вид да научат како да се справат со секојдневните предизвици, и да ги мотивира сите да го учат и прават она што го сакаат.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ПРИКАЗНИ

Луѓето порано се срамеа ако имаа нечисти чевли!

Сакип Севхеров од Шуто Оризари е меѓу најстарите чистачи на чевли во...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

ПРИКАЗНИ

Што може да посетите во Скопје оваа зима

Директните летови за Скопје почнуваат на 18 декември. Одбравме осум работи што...

ПРИКАЗНИ

КУПУВАЈТЕ САМО ОД ВИСТИНСКИ ПЧЕЛАРИ: Продажбата на фалсификуван мед се поголема

Како да се препознае вистинскиот мед од напливот на се поголемиот број...