ИНФО

УВОЗ НА РАБОТНА СИЛА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве во кои сектори има најмалку кадар

Во Македонија има дефицит на работен кадар, многу од младата популација ја напуштија државата.

Анализите покажуваат дека на земјава годишно и недостигаат околу 10 000 работници. Лани имало 5 300 работници од надвор.

Туризмот и градежништвото се секторите кои имаат најмногу дефицит на кадар и за кои земјава веќе размислува да увезува работна сила. Како што рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, „Увозот на работна сила не е ништо ново и е процес кој одамна постои, само што сега за него се зборува отворено. Тоа е пракса во сите земји.‘‘ Според Битиќи, примарно е работната сила да се осигура од домашниот пазар, но, анализите покажуваат дека на земјава годишно и недостигаат околу 10 000 работници. Тој смета дека првично за „увоз“ би требало да се „искористат“ луѓето од регионот.

Се уште не е дефинирано од каде би се увезувале работници, ниту се утврдени квоти. „Во Владата е отворена дискусија затоа што тоа е актуелен проблем.‘‘ напомена Битиќи.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните...

ИНФО

164 шофери заработија казни од полицијата, најмногу за брзо возење

Скопската полиција во текот на вчерашниот ден казни 164 возачи. Од нив...

ИНФО

ДНЕВНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните...

ИНФО

Во Скопје изречени 161 мерка за прекршоци во сообраќајот

На територија на Град Скопје, Секторот за внатрешни работи во текот на...