АКТУЕЛНО

ПРОЛЕТНИ АКЦИИ ВО СКОПЈЕ: Се чистат, раззеленуваат и поправаат пешачките патеки во Гази Баба и Аеродром

Акциите на петте јавни градски претпријатија во општините ќе траат до средината на идниот месец.

Екипите на јавните претпријатија ЈП Лајка, ЈП Паркови и зеленило, ЈП Водовод и Канализација, ЈП Улици и патишта, ЈП Комунална хигиена спроведоа акција заедно со град Скопје за расчистување на општините. Во општина Гази Баба најправо започнаа со рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување  и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии,  како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Додека во општина Аеродром ЈП Паркови и зеленило ги расчистува булеварите, ЈП Улици и патишта ги санира бекатон плочките на пешачките патеки. Обновена е и вертикалната сигнализација со 7 паднати знаци, а екипите извршиле контрола и обиколка и на семафоризираните крстосници низ населбите во општина Аеродром, по што се санирани сите недостатоци на семафорите.

ЈП Комунална хигиена врши површинско и рачно чистење на сливници, рачно чистење на шахти (фекални и атмосферски) и миење со цистерна вакуум и цистерна под притисок на фекални и атмосферски сливници и шахти, покрај активностите за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите, денеска ќе започне и со отстранување на две диви депонии лоцирани во оваа скопска општина.

Пролеттните акција во општина Аеродром ќе трае до 10-ти Април, додека во општина Гази Баба ќе трае до 17-ти Април.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...