АКТУЕЛНО

Општина Бутел покренува иницијатива за поништување на плановите за нови згради и булевар

Општина Бутел на утрешната седница ќе донесе одлука за покренување на инцијатива за поништување на двата плана „С 16“ и „ССИ 06 Блок 7“, кои предвидуваат градење на четири нови згради, како и пробивање на нов булевар.

Општина Бутел на утрешната седница ќе донесе одлука за покренување на инцијатива за поништување на двата плана „С 16“ и „ССИ 06 Блок 7“, кои предвидуваат градење на четири нови згради, како и пробивање на нов булевар. Ова според градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе значи прифатливо решение за локалните жители, кои денови наназад реагираат на одлуката на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во овој дел од населбата да се пробие нова улица.

„Данела Арсовска лично им вети на луѓето дека нема да има никаква улица и дека ќе се изгради парк на „Христијан Тодоровски Карпош“.Прифатливо решение би било само дислоцирање на трасата“, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот Костовски, во врска со проектот за изградба на новиот булевар „Боца Иванова“ во Бутел.

Тој потсети дека градоначалничката Арсовска, за време на кампањата во 2021 година, им велела на граѓаните дека во овој дел од општината нема да има ниту улица, ниту згради и рече дека луѓето бараат веќе два месеци средба со градоначалничката но не успеале во тоа и ја покани градоначалничката Арсовска, да дојде самата да се соочи со граѓаните.

На прашањето дали го гласал овој план кога самиот градоначалник бил советник на Општината, Костовски рече дека не го гласал овој план.

Во однос на прашањето дека проблемот, меѓу другото, е со тие десетина семејства што имаат продолжени дворови на државно земјиште и зошто тој ги штити тие граѓани, Костовски одговори дека постојат и многу други вакви случаи кои можат да се лоцираат низ градот и дека секогаш ќе биде позади интересот на граѓаните.

Иако немаше конкретен одговор на прашањето дали ја поддржал програмата „За Модерно Скопје“, тој истакна дека сегашната градоначалничка ја довел на истото место за време на кампањата за, како што рече, да се откаже од овој проект и тврдеше дека Арсовска се одрекла од проектот.

Сопствениците на имотите, каде што според новиот проект се планира новиот булевар да помине многу блиску пред нивните куќи велат дека градоначалничката Арсовска ветила дека нема да има улици и згради.

„ Ако треба државата да го земе ова нека го земе, тоа е државно. Ние имаме времено решение за тоа, меѓутоа, тоа времено решение трае 60 години, после 60 години нека го направат ова парк, зошто да ни прават улица пред прозор“, истакна Невена Буркова.

Градоначалничката Арсовска минатата недела на прес – конференција рече дека согласно Генералниот урбанистички план на Градот Скопје, овој булевар е предвиден за изградба уште во 2002 година, а подоцна и потврден во 2012 година кога градоначалник бил Коце Трајановски и дека овој булевар е предвиден и ветуван повеќе од 20 години.

Таа појасни дека булеварот се простира на државно земјиште, но сепак, во еден дел од трасата каде што треба да се изгради, постојат десетина семејства, кои според Арсовска, ги прошириле своите дворови на тоа државното земјиште, на кое е предвидена изградбата на овој булевар.

Таа посочи дека ДУП-от на општина Бутел со кој се предвидува изградба на седум згради кои излегуваат на булеварот „Боца Иванова“ го направил тогашниот градоначалник Петре Латиновски, истиот е се уште на сила и во ниту еден момент во оваа измината година Костовски не реагирал да ги поништи овие седум објекти ниту на вцртувањето на нови згради во Бутел.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...