Тик-Ток ќе вклучи временско ограничување од еден час за своите корисници под 18 години за да го ограничи времето што тинејџерите го поминуваат на апликацијата, објави социјалната платформа во сопственост на кинеската видео компанија „ByteDance.‘‘
Сепак, малолетниците ќе можат да го исклучат тоа поставување. Кога корисниците кои имаат 18 или помлади години ќе го достигнат временскиот рок од еден час, од нив ќе биде побарано да внесат код за да го активираат дополнителното време, според Тик-Ток тоа е начин што може да ги поттикне тинејџерите да бидат повнимателни за времето што го поминуваат на апликацијата. Децата под 13 години, исто така, ќе бидат ограничени на 60 минути на апликацијата дневно, а родителот или старателот ќе мора да постави или внесе код за да им овозможи да гледаат дополнителни 30 минути, објави Тик-Ток.
Воведувањето на временските ограничувања на Тик-Ток за децата следи по истражувањето на законодавците, групите за родители и експертите за ментално здравје за улогата на апликацијата во проблемите со менталното здравје кај тинејџерите.
Leave a comment