Една од исклучително штетните навики е пушењето. Со секое вдишување чад од цигари, внесувате преку 4.000 различни хемиски соединенија кои се произведуваат со согорување, а со тоа ги уништувате клетките на вашето тело.
- Донесете одлука
Една од најтешките одлуки за пушачите е да се откажат од пушењето. Во денешно време, за жал, луѓето повеќе се одлучуваат да се откажат од пушењето поради нивната финансиска состојба отколку поради нивното здравје. Важно е да се стекнат низа нови навики кои ќе се практикуваат во текот на денот кои ќе ја заменат цигарата. Наместо дел од работното време да се потроши на цигара, може да се замени со физичка активност.
- Цел
Поставувањето цел е клучната стапка за успешно завршување на задачите. Престанокот на пушење е вид задача, која без цел и мотив не може да биде реализирана. Во рок од еден месец, доколку пушачот успее да не внесе никотин во своето тело, и после неколку месеци ја зајакне својата психичка состојба, тој веќе никогаш нема повторно да биде зависен од никотин.
- Стапици
Цигара додека возат или стојат во гужва се едни од најтешките стапици за избегнување. Но, наместо цигара може да се конзумираат лешници или ореви. Ритуалните цигари најчесто се причина зошто пушачите пушат и особено е тешко да се ослободат од нив. Немасто ритуал за пушење, може да се внесе физичка активност, спиење, туширање, брзање до одредена локација. Само за да се избегне слободното време за цигара.
- Организација
Секој ден да почнува со однапред направен план, без разлика дали тоа ќе биде физичка или психичка активност. Важно е тоа да е нова активност, со цел старата навика да се замени со нова.
- Психички ефект
Слободата од една од најголемите и најпристапните зависности воопшто не е лесна. На почетокот чувството е одлично,но доколку не се зголемат физичките активности, нема да се ослободите од негативните емоции, затоа вежбањето е одлично. Сите чувства што ќе се појават се сосема нормални, затоа што се работи за иднината на здравјето на секој поединец. Нервозата може да се олесни со смирувачки чаеви, никотински фластери, јога, шолја топло млеко или чаша црвено вино пред спиење.
Парите што се трошат на цигари, може да се заштедат за нешто убаво на крајот на месецот.
- Кафулиња
Кафулињата наменети за пушачи, се тешки за тие што се во фаза на откажување. Во друштво на пушачи и на места со воспоставен модел на однесување тешко е да се отават цигарите. Премногу слободно време ќе ја направи поголема веројатноста повторно да се запали цигара.
- Начинот на живот
Пролетта е одлично време за нов почеток. Со започнување на здрава исхрана, до поминување време во природа и медитирање. За долгото патување и премногу поминатото време да не бидат демотивација во оваа војна, важно е да се избере најблиското место за физича активност. Окупирањето со нешто ново и интересно ќе го префрли фокусот од цигарите.
Leave a comment