АКТУЕЛНО

ТРИ ПАТИ ПОМАЛКУ ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ВОЗИЛА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП „Паркинзи Општина Центар“ располага со 5.170 паркинг места, а издадени се 16.130 картички за паркирање односно три пати повеќе. Бројот на повластени паркинг карти за жители изнесува 13.350, а склучени се 2.780 комерцијални договори со фирми и вработени.

„Бројот на активни кориснички договори e динамичен, односно се менува согласно потребите и бројот на корисниците. Очигледна е тенденцијата на зголемување на бројот на жители во општината со што секако се зголемуваат и потребите за паркинг. Поради ова, покрај тоа што расте бројот на жителски договори, паралелно работиме и на проширување на опфатот на паркинг зоните со кои управува нашето претпријатие“, вели директорот на „Паркинзи Центар“.

Цените за паркирање на паркинзите на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ се дупло повисоки за разлика од оние на ЈП „Градски паркинг“ кои по доаѓањето на функција на градоначалничката Арсовска беа намалени за 25 отсто. Јавните паркиралишта со кои стопанисува ПОЦ се поделени на три паркинг зони, а цените во зависност од зоната се од 60 до 100 денари за час.

Граѓаните кои работат во централното гратско подрачје постојано се жалат на проблемот да се најде паркинг во близина на своето работно место, исто така како проблем посочуваат дека е скапиот пракинг бидејќи ПОЦ наплаќа најскап паркинг во државата, а оние кои имаат возила што не се на со скопски регистарски ознаки, велат дека добиваат блокатори и при застанување пократко од неколку минути.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...