ИНФО

Средношколците од приватните училишта бараат бесплатен јавен превоз

ССРСМ бара од собранието да го изменат Законот за јавниот превоз бесплатно да можат да го користат и стидентите од приватните но и за студентите кои живеат на помалку од два и пол километри до училиштето.

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија бара од собранието измени и дополнување на Законот за средно образование, со кој бараат бесплатниот превоз да важи и за средношколците од приватните училишта и за учениците со попреченост од државните училишта.

Сојузот денеска промовираше видео со анкета од ученици од приватни училишта кои немаат право на бесплатен превоз и сметаат дека се дискриминирани, посочувајќи дека и нивните родители се даночни обврзници на државава, а има и ученици кои студираат приватно со стипендија. Во анкетата тие истакнуваат дека имаат потреба од превоз до и од училиштето, како и за воннаставни активности, исто како и учениците од јавните средни училишта. Од сојузот изјавија дека предлогот за измени на Законот ќе го достават до сите пратенички групи и очекува пратениците да го поддржат. Предлогот не се однесува само на приватните училишта, туку со него се бара бесплатниот превоз да важи и за средношколците со посебни образовни потреби сместени во државните домови, како за учениците што живеат на помалку од два и пол километри од училиштето.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...