СКОПЈЕ ДЕНЕС

ОД АПРИЛ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ПОВИСОКА ЗА 2.175 ДЕНАРИ

Минималната плата што досега изнесуваше 18.000 денари од следниот месец ќе биде повисока за 2.175 денари и годинава бележи пораст од 12,55 проценти. Согласно со Законот за административни службеници, како што најави денеска премиерот Димитар Ковачевски, ќе се изврши усогласување и на платите на 27 000 службеници.

Зголемувањето на минималната плата е направено согласно новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Согласно новата методологија, минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.

Од Сојузот на синдикати на Македонија ги повикаа работодавачите да ги усогласат останатите плати со висината на минималната плата за да не дојде до урамниловка.

„Сакаме да ги повикаме работодавачите и во приватниот и во јавниот сектор да најдат сили и начин да ги усогласат платите и на останатите вработени за да не дојде до урамниловка каде нема да имаме силно мотивирани работници туку ќе имаме работници кои ќе се споредуваат едни со други за тоа колку плата земаат“ – изјави Златко Цветковски од ССМ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПЈЕ ДЕНЕС

ОД ДЕНЕС: Поевтини домати и краставици

По три дена од владината одлука за замрзнување на цените на овошјето...

СКОПЈЕ ДЕНЕС

Ново детско катче во Јурумлери

Денес беше беше пуштено во употреба новото детско катче изградено во рамки...

СКОПЈЕ ДЕНЕС

МИНИ ДЕПОНИЈА ВО КОЗЛЕ

На улица Козле, во непосредна близина на бензинската пумпа Макпетрол се гради...

СКОПЈЕ ДЕНЕС

Партизанска претворена во паркинг

Третата лента на бул. Партизански одреди секој ден е претворена во паркинг....