МАГАЗИН

Познато менито и утешните награди на „Оскарите“

 На ноќта на „Оскарите“ и номинираните кои нема да добијат статуетка, нема да си одат со празни раце. Тие ќе добијат луксузен пакет „утешни награди“. За ова се погрижи компанијата „Дистинктив сетс“ која на секого од номинираните ќе му даде пакет подароци во вредност од 126.000 долари.

Во пакетот има вкупно 60 понуди и истиот содржи јапонски млечни колачи, свилени навлаки за перници, рачно набрани урми, а има и необични подароци како – парче земја од Австралија, три ноќи во рурална Отава, ноќевања на италијански вулкански остров, консултација со лекар за третман на коса, липосукција, консултации и третмани со ботокс, облека, велнес производи. Добитниците не се обврзани да ги примат, искористат или промовираат добиените производи.

Треба да се напомне и дека разни компании плаќаат по четири илјади долари за нивниот производ да биде меѓу пакетот подароци.

Инаку, се знае и што ќе има на менито на официјалната прием-забава по главната свеченост. Одговорен за тоа е британскиот готвач Елиот Гровер, препорачан и одбран од долгогодишниот готвач на „Оскарите“ – Волфганг Пак. Ќе бидат понудени традиционални англиски јадења, како што се риба и чипс, пити со пилешко, мали колачи. И, за разлика од некои претходни „Оскар“-менија, ова ќе биде нешто „помасно и покалорично“.

Инаку, 95-то доделување на „Оскарите“ ќе се одржи во Лос Анџелес во „Долби театарот“ ноќта меѓу 12. и 13 март. Водител на емисијата ќе биде комичарот Џими Кимел. Меѓу најголемите фаворити, според последните предвидувања се филмовите „Сѐ во исто време“ (има 11 номинации), „На Запад ништо ново“ (девет номинации), „Елвис“ (осум номинации).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...